verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неетичка и оцрнувачка објава

on 17 - 02 - 2017       

centarnews

[Рецензија: ЕВЕ ЗОШТО ЗОРАН ПОПОВСКИ Е ОЧАЕН КАДАР НА ДПМНЕ И КАБИНЕТОТ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО]

 

Материјалот пред нас е неетички и оцрнувачки, наликува на евтина чаршиска приказна која не заслужува да биде пласирана како новинарски текст. Објавата нема ниту еден елемент на професионално новинарско информирање, таа изобилува со неосновани навредливи коментари насочени кон дискредитација на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски, но и на други личности кои се споменуваат во содржинскиот дел.

ЕВЕ ЗОШТО ЗОРАН ПОПОВСКИ Е ОЧАЕН КАДАР НА ДПМНЕ И КАБИНЕТОТ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВОЛинк до оригиналниот напис: ЕВЕ ЗОШТО ЗОРАН ПОПОВСКИ Е ОЧАЕН КАДАР НА ДПМНЕ И КАБИНЕТОТ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО 

Датум и време на објавување: 13.02. 2017

Датум на рецензирање: 17. 02. 2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

 

НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА

Сензационалистичкиот наслов најавува текст кој би требало да открие зошто Попоски, наводно,  е несоодветно решение за челната позиција во Агенцијата за храна и ветеринарство. Сепак, насловот има цел да собере што повеќе кликнувања и претставува своевидна јадица за празниот  и навредлив текст што следува.

„Овој десно господин ви е драги читатели Директорот на Агенцијата за храна Зоран Поповски,

Негова сакана другарка ( ме разбирате де) и шеф на неговиот кабинет е таа лево Катерина Матиќ таа и е позната на јавноста од бомбите на Заев, беше главна старлета во кабинетот на Министерот за чоколади Ставревски во финансии де инаку по професија вади заби-стоматолог е“.

Оваа медиумска содржина не дава одговор на клучните новинарски прашања: кој, кога, како, каде и зошто? Првата реченица, пак, слободно може да се прескокне, доколку под сликата се стави легенда во која ќе се идентификуваат и посочат лицата. На пример: Директорот на Агенцијата за храна, Зоран Поповски (десно), Светлана Колариќ (средина), Катерина Матиќ (лево).

 

НЕПОТКРЕПЕНИ ОБВИНУВАЊА

Написот се фокусира на наводната љубовна афера меѓу Попоски и Матиќ, за која нема понудено никакви докази. Притоа, се нафрла и дека тие, наводно, се корумпирани, односно дека големи компании ги поткупуваат со патувања и со слични „репрезентативни подароци“.

„Некои поголеми фирми редовно ги частеле прошетки, спа третмани, живот на висока нога. Сите поголеми фирми се умрени од страв од нејзиното височество челичната лејди Матиќ“.

При изнесување на вакви тврдења, потребно е истите да бидат поткрепени со прецизни извори и со докази. Но, во конкретниот случај не се посочуваат ниту извори за наводните информации, ниту факти. А доколку нема доказ за ваквите наводи, тогаш станува збор за клевета (што е казниво по приватна тужба), но и спротивно на новинарските стандарди.

Во последните неколку пасуси се прави спин, со кој трите наведени лица се обвинуваат дека, наводно, лажирале „птичји грип“ за да го оттргнат вниманието на јавноста. За ваквото обвинување, исто така, нема никаква потврда, како и за делот за наводните роднински и пријателски врски на споменатите личности.

Написот е во спротивност со принципите утврдени во Прирачникот за етика во новинарството и се коси со повеќе членови од Кодексот на новинарите, кој налага објавување точни и проверени информации, да се прави разлика меѓу вест и коментар, да се обезбеди професионална дистанца при информирањето, да не се зазема страна и да не се користи медиумот за оцрнување личности.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести