verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Чиста шпекулација спакувана како ексклузивна вест

on 15 - 12 - 2016       

exclusive

[Рецензија: Изборен ПАЗАР се случува во ИЕ6 – СДСМ со помош на дипломатскиот кор купува ЕДЕН пратеник од ДУИ – ЕКСКЛУЗИВНА ВЕСТ]

Написот е најавен како ексклузивна вест, но фактички претставува ексклузивна композиција од коментари. Нема изјави, нема извори, ниту официјални, ниту неофицијални, така што изнесените тврдења се неосновани.

exclusive

Линк до оригиналниот напис: Изборен ПАЗАР се случува во ИЕ6 – СДСМ со помош на дипломатскиот кор купува ЕДЕН пратеник од ДУИ – ЕКСКЛУЗИВНА ВЕСТ

Датум и време на објавување: 12.12.2016, 17:34

Датум на рецензирање: 14.12.2016

Рецензент: Александар Пешев

  ОТСУСТВО НА ИЗВОРИ

Во првата реченица се најавува екслузивна вест. Тоа подразбира дека медиумот е прв и единствен што добил информација од даден извор или обезбедил докази за информацијата што се презентира. Но, наместо тоа имаме неосновани тврдења, а на читателот му останува нејасно од каде се дознава дека, наводно,  „дипломати прават пазар во шестата изборна единица“.

СДСМ со помош на дипломатскиот кор купува и се шпекулира дека го доби мандатот кој им е потребен за дфа имаат само еден пратеник помалку од ВМРО и да ги уништат плановите за коалицирање со ДУИ и формирање на Влада.

Главната дилема е: кој го тврди ова? Кој ги шири шпекулациите што се споменуваат? Дали може да им се верува на ваквите информации?  Дополнително, за кое ВМРО станува збор? За ВМРО-ДПМНЕ? За ВМРО-Народна партија?

Шпекулацијата се надградува со коментари:

Со тоа се добива многу тешка ситуација за формирање на влада и решавање на кризата.

Повторно се поставува прашањето околу изворот. Во недостиг од атрибуција, нејасно е по кој принцип е утврдено дека ситуацијата околу решавање на кризата ќе стане тешка? Оваа констатација дополнително се оспорува ако се имаат предвид пораките од Европската комисија и од други меѓународни претставници дека изборите се само прв чекор во процесот за излез од кризата. Овие пораки се дополнуваат со препораката за остварување на реформските приоритети кои се однесуваат на судството, медиумите и на други аспекти на демократското владеење.

Написот продолжува со коментари како овој:

Страшно нешто се случува во нашата држава, странски фактор и велепредавници ќе сторат се само да добијат фотеља. 

Освен тоа што имаме јасен коментар (што се коси со членот 13 од Кодексот на новинарите), истиот е насочен кон дискредитација на политички субјект и на дипломатски претставници. Ваквата реторика, пак, укажува на видлива едностраност и создава сомнеж за политичка пристрасност (што е спротивно на член 14 од новинарскиот кодекс).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести