verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рециклирање на информација стара четири години

on 15 - 12 - 2016       

kurir

[Рецензии: Унгарија ја призна Македонија под уставно име!]

 

Текстот што е предмет на рецензија дава неточна информација во однос на признавањето на уставното име на Македонија од страна на Унгарија. Имено, Унгарија ја призна Македонија под уставно име во 2012 година, но осум медиуми објавија дека оваа држава нè признала под уставно име на 14 декември 2016 година. И одеднаш информација стара четири години, се објавува со ист наслов и со содржина кои се дизинформирачки.

ungarija-ja-prizna-makedonija-pod-ustavno-imeЛинк до оригиналниот напис: Унгарија ја призна Македонија под уставно име!

Датум и време на објавување: 14.12.2016

Датум на рецензирање: 14.12.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Во написот што го рецензираме, се вели дека информацијата е преземена од „Вечер“, текст кој најпрво е објавен, а потоа тргнат од веб-страницата на весникот. Притоа се споменува и спорот за името со Грција, прашање кое воопшто не е актуелизирано во односите меѓу Македонија и Унгарија во поново време.

„Oд денеска и Унагарија на листата на земји кои официјално ја признаа нашата држава под уставното име. Унгарија им се приклучи на останатите земји кои сметаат дека спорот со Грција е билатерален спор, кој не треба да влијае на односите со другите држави или институции, пишува Вечер.Картата на светот кој покажува кои држави се наши сојузници, а кои се на страната на јужниот сосед“.

15497886_10154576268964733_785783112_nВо овој дел од текстот, исто така, се гледа дека станува збор за стара вест, бидејќи министер за надворешни работи на Унгарија е Петер Сијарто, а во текстот се споменува Јанош Мартоњи, кој точно е дека бил министер за надворешни работи, но пред четири години.

„Министерот за надворешни работи, денеска, како што соопштуваат оттаму, упати писмо до министерот за надворешни работи на Унгарија, Јанош Мартоњи, во кое се поздравува најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација“.

Во овој дел од написот се споменува „писмо на министерот Попоски“, но такво писмо со датум од 14 декември 2016 година не постои.

„Во писмото, меѓу другото, министерот Попоски нагласува дека Република Македонија високо ја цени отворената и гласна поддршка што ја дава Унгарија кон нашата земја од осамостојувањето“.

Текстот што го рецензираме, а кој во меѓувреме е повлечен, најпрво ја дезинформира јавноста и дава неточна информација за времето кога Унгарија ја признала Македонија под уставно име. Исто така, овој пример говори за леснотијата на објавувањето информации по македонските медиуми и нивното преземање, без да се провери вистинитоста, актуелноста на истите и да се проверат изворите. Истовремено, написот говори за основно непознавање на работи кои се однесуваат на надворешната политика кои денеска, пак, многу лесно можат да се проверат.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести