verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бомбастична новинарска петарда

on 17 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

05152015-Republika-AvtoBomb-crop-resize

[Рецензија: Автомобил-бомба на терористите од Куманово]

 

Треба да се знае: новинарот не е извор на информации. Одредени исклучоци можат да се изведат кога редакцијата одлучува и организирано известува за настанот од самото место и во текот на неговото траење. Преноси во живo, вклучувања од местото на настанот… Дури и тогаш, многу поуверливо и поголема веродостојност се постигнува кога за некои специфични фази и поенти од тие преноси и живи вклучувања, се ангажира соговорник, како извор со стручност за одредена област, со искуство од слични ситуации, или овластени извори кои во името на некоја институција толкуваат одредени собитија од настанот.

Во однос на медиумската содржина што ја рецензираме тука, ниту има таква ситуација, и повторно нема ниту еден извор за да го протолкува тврдењето содржано во оваа информација – дека ни се презентира уништен автомобил-бомба.

05152015-Republika-AvtoBombЛинк до оригиналниот напис: Автомобил-бомба на терористите од Куманово (фото)

Датум и време на објавување: 14.05.2015, 13:15

Датум на рецензирање: 15.05.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Уште еднаш, новинарот не е извор на информации. Особено не во случаи и теми каква што се обработува во оваа информација. Заради начинот на кој е организирана, структурирана и напишана оваа информација, таа, освен што е непрофесионална, постигнува ефект на страв.

Дали тој страв е и реален, ние не знаеме. Како читателите на оваа медиумска содржина да бидат уверени дека овој крш од автомобил, бил, вусшност, бомба? Таков заклучок авторот на оваа информација извлекува од фотографијата на која е ставена во квадрат – плинска боца. Дали е тоа доволно? Секако, не.

Навистина, познати се случаи кога плинските боци биле користени како дел од системите на експлозивните направи. Но, тоа сѐ уште, не е доволно.

Едноставно и категорично: оваа информација мора да има поткрепа од извор.

Рековме, изворот може да биде искуствен, односно извори што имаат лично и непосредно искуство со конкретниот или слични настани. Треба да се внимава зашто тие извори можат да бидат засегнати, а и искуствените извори не мора да бидат компетентни.

Следните се експертските извори. Eкспертите се луѓе што имаат стручно знаење за проблемот за кој се пишува и, најчесто, непосредно не се засегнати од него. И со нив треба да се биде внимателен. Некои од нив настапуваат како независни експерти, а други се поврзани со некои државни органи, партии, невладини организации и институции.

И третите, кога веќе почнавме, се овластените извори. Тоа се одделни лица за контакти со јавноста што имаат професионална обврска да ја соопштуваат и јавно да ги бранат политиките што ги застапуваат.

Најмалку од последните, овластени извори, морале да бидат консултирани пред да се објави оваа информација. Во тој случај, таа ќе добиеше тежина и веродостојност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

Ниту еден

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

Непотврден

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести