verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Апел од колегиумот на „Вест“ до меѓународната заедница: Власта сака да го скрши весникот

on 20 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Англиски
Редакцијата на „Вест“ на неодамнешен протест, со маички од владината кампања „Македонија вработува“. Фото: Мета.мк.

Редакцијата на „Вест“ на неодамнешен протест, со маички од владината кампања „Македонија вработува“. Фото: „Мета.мк“.

Уредничкиот колегиум на редaкција „Вест“ упати апел до претставниците на меѓународната заедница во врска со последните случувања во весникот, а поврзани со непродолжувањето на договорот на главниот и одговорен уредник Горан Михајловски.

Во апелот се предупредува дека среде преговорите за слобода на медиумите според Договорот од Пржино, редакцијата се соочува со политички обид да се затвори „Вест“, најпопуларниот дневен весник во Македонија.

„Се сомневаме дека моментот за политичкото преземање на „Вест“ е намерно темпиран за време на престојните празници, за да се избегне вниманието на јавноста и особено на претставниците на меѓународната заедница во Македонија. Колегиумот на „Вест“ на чело со Михајловски стравува дека смената е отворен обид од Владата да го скрши „Вест“, како уште еден силен глас што успеа да даде приоритет на јавниот интерес пред партискиот и владиниот интерес и да промовира граѓански активизам.

Досега, Колегиумот на „Вест“ истрпе политички притисок преку менаџментот на МПМ за многу објавени и необјавени теми и вести, а имаше и цензурирана насловна страна. Стравуваме дека смената на Михајловски како главен уредник неминовно ќе значи и смена на уредничкиот колегиум и ќе ја укине уредувачката политика водена од високите стандарди на балансирано новинарство и на заштита на јавниот интерес“, се вели во апелот од колегиумот на редакција „Вест“.

Во изјава за независната новинска агенција „Мета“, главниот и одговорен уредник на „Вест“, Горан Михајловски, посочи дека притисоците на кои е изложен весникот понекогаш биле и многу брутални.

„Нормално е колегите да се плашат и за сопствената иднина. Да, точно е дека мојот мандат завршува, но секој договор може и да се продолжи, особено кога популарноста на „Вест“ се зголемува, тиражот е стабилен, а и читаноста на мојата колумна „Сакам да кажам“ континуирано се зголемува“, вели Михајловски за „Мета“.

Извори: Редакција „Вест“ и Мета.мк (20.12.2015).

Претплатете се за најнови вести