verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Злонамерност, неетичност и ширење невистини, не е новинарство

on 9 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија:Од „другарот Мухамед“ до пола партија: СДСМ ново жариште на ковид-19 ]

Проблематичните аспекти на овој текст – злонамерност, неетичност, подбив и ширење на невистини – се воочуваат уште од насловот. Нивната проблематичност е засилена со фотомонтажата што е поставена веднаш под насловот. Извршена е, имено, интервенција врз фотографија на централното седиште на СДСМ во Скопје, при што натписот: „СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА СДСМ“ е заменет со „КОВИД ЦЕНТАР“.

Оригинален напис: Од „другарот Мухамед“ до пола партија: СДСМ ново жариште на ковид-19

Датум на објавување: 02.06.2020 

Датум на рецензија: 04.06.2020

Рецензентка: Ана Мишковска Кајевска

Со  самиот наслов се сугерира дека Мухамед Зекири е одговорен за претворањето на СДСМ во „ново жариште на ковид -19“. Дури и ако навистина „пола партија“ е заразена со вирусот корона и ако Зекири е, навистина, т.н. „нултиот пациент“ во рамките на СДСМ, оваквото истакнување на Зекири е крајно неетично. Тоа претставува и напад на неговата личност и достоинство, кој е во спротивност на, меѓу другото, Законот за заштита на правата на пациентите.

Проблематичниот стил, чија намера е да му наштети на политичкиот противник за сметка на одговорното и квалитетно известување, продолжува и во првиот пасус:

Со засега двајца од повисоките функционери во партијата заразени, технички премиер повторно приморан да седи дома, сите кандидати од цела изборна единица во самоизолација, како и голем број останати членови, СДСМ станува нов кластер на заболени од коронавирус.

Иако пасусот започнува со точната информација дека во моментот на објавување на написот (02.06.2020, 12:09) само две лица биле заразени, истиот пасус завршува со невистината дека: „СДСМ станува нов кластер на заболени од коронавирус“. СДСМ или која било друга локација не може да стане кластер со само две лица за кои е утврдено дека се заразени. Во таквиот случај, единствено може да се зборува за можно жариште. Меѓутоа, авторот/ката (текстот не е потпишан) одлучува да го занемари фактот дека во тој момент сè уште нема сознанија за повеќе од две заразени лица (освен Зекири, заразена е и Сања Лукаревска). Наведувајќи ја самоизолацијата на техничкиот премиер, „сите кандидати од цела изборна единица“ и „голем број останати членови“, текстот сугерира дека бројката на заразени е значително поголема.

Битно е да се нагласи дека никаде во текстот не е експлицитно наведено дека лицата, чија самоизолација се споменува (на пример: Марјан Забрчанец , Дамјан Манчевски, Арафат Муареми, Љупчо Николовски, Велимир Смилевски, Оливер Спасовски и Мила Царовска), се заразени со вирусот корона. Единствената експлицитна информација е дека тие се во самоизолација. Меѓутоа, таа точна информација за конкретни лица со име и презиме е испреплетена со воопштувачки формулации за СДСМ како „кластер на заболени“ и „КОВИД ЦЕНТАР“. Таквото тенденциозно врамување ја потиснува точната информација во втор план, додека имплицитната неточна информација за многу заразени лица во СДСМ станува првенствено видлива.

Споменувањето на Манчевски, Спасовски и Царовска е особено проблематично бидејќи уште ден пред објавувањето на овој напис беше познато дека овие лица добиле негативен резултат при првото тестирање. По објавувањето на написот, уште некои од лицата, чија самоизолација е спомената, изјавија дека се негативни на вирусот корона:  Марјан ЗабрчанецАрафат МуаремиЉупчо Николовски и Велимир Смилевски. Иако сите овие лица ќе треба да направат и втор тест, т.е. иако не е исклучено дека тие се заразени, написот требал да ја содржи веќе познатата информација за МанчевскиСпасовски и Царовска. Исто така, веќе објавениот напис требал да биде надополнет или исправен со информација за негативниот прв тест на останатите гореспоменати лица.

Подолу во текстот станува јасно дека ова селективно користење на точни информации и нивна манипулација, во комбинација со неточното прикажување на „пола партија“ како заразена со вирусот корона, има за цел критика на залагањето на СДСМ за скорашно одржување на парламентарни избори:

Во меѓувреме, со скоро цел врв во самоизолација, претседателот на партијата оди на избори. Кој сака нека дојде.

Притоа, повторно е искажана невистина. Зоран Заев не може да оди на избори, кои сè уште не се распишани.

Како и за секоја останата политичка активност, критичкото анализирање на залагањето за избори во јули е легитимно и потребно, но таа анализа треба да биде фактички издржана и сериозно формулирана. Освен тоа, информацијата за позитивните први тестови на Лукаревска и Зекири, како и за потенцијално присутното жариште во СДСМ, треба да се прикаже на етички одговорен начин без било чија демонизација.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област. 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести