verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Заработи тужба“ и „закана со тужба“ е различно

on 23 - 02 - 2017       

kurir

[Рецензија: Мухамед Зекири ист како Заев: Уште не седна во пратеничката фотелја заработи тужба за изречени лаги и клевети]

 

Ова е напис со силна доза пристрасност, со сериозна непрециозност која на крајот резултира и со невистинитост. Незнаење или непрофесионалност, конечно не е ни важно зашто фелерот е фелер – „заработи тужба“ и „закана со тужба“ се две различни работи.

 1111Линк до оригиналниот напис: Мухамед Зекири ист како Заев: Уште не седна во пратеничката фотелја заработи тужба за изречени лаги и клевети

 Датум и време на објавување: 19.02.2017,  02:15

 Датум на рецензирање: 21.02.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ЧЕТИВО – ЗАСТАПНИК ЗА ЕДНАТА СТРАНА

Внимателноста и прецизноста се исклучително важни елементи во новинарската работа, кои дополнително добиваат значење кога се известува за чувствителни настани, како што е наведениот, во кој се инволвирани актуелен пратеник и поранешен шеф на тајната полиција, двајцата од спротивставени политички блокови, и како капак на сè, има најави за тужби. Значи, тој што известува требало да има „очи отворени“ за сè, за секој аспект од приказната која е доста сензибилна – инцидент во кој се инволвирани политичари од различни страни.

Едната – пратеникот, кој лично и јавно, вели дека не му било дозволено да влезе во кафеана зашто во неа бил поранешниот директор на УБК и дека притоа дури заработил и удар од обезбедувањето на поранешниот шеф на УБК, братучед на експремиерот и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ. Значи, пратеникот излегува и дава изјава во која го опишува настанот и бара расветлување.

Другата страна, преку соопштение, не го демантира настанот, во чија суштина е дека пратеникот бил непожелен во тој локал, туку се негира физичкиот контакт.

„Најостро ги демантирам манипулациите дека некој од моето обезбедување го нападнал. Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби, вели Мијалков“.

Во ред, ситуацијата е комплицирана. Медиумот требало едноставно да ја пренесе и едната и другата страна, без непотребни заклучоци зашто во тој момент кога е објавен текстот, а според приложеното тоа било во 2 часот наутро, работите сè уште не биле докрај јасни. Но, напротив, некој влегол во толкувања и ја утнал работата. Имено, Мијалков бара извинување за изнесеното, а ако не го добие, ќе поднел тужба, што значи дека тоа е закана со тужба и е различно од тврдењето:

„Мухамед Зекири ист како Заев: Уште не седна во пратеничката фотелја заработи тужба за изречени лаги и клевети“

Понатаму, каква врска во приказната има Заев? Никаква! Очигледно е ставен само како политички „декор“ за да се заслади информацијата зашто веста ама ништо не добива со тоа што е споменат лидерот на СДСМ. Со ваквиот пристап се добиваат поени само кај партиското жири.

Да не го изумиме и бележењето во стилот „наши – ваши“. Во написот имаме формулација „опозициски медиуми“, кои епитетот го добиле само затоа што информирале за инцидентот, а како извор искористиле изјава од инволвираниот пратеник. Значи, „опозициска етикета“ зашто си ја вршеле работата како што треба.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести