verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Заговорничко сценарио или страв за „престолот“?

on 26 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

wretabn

[Рецензија: НЕКОЈ САКА ДА ПОСТАВИ ТАРАБУКА НА ЧЕЛО НА ВМРО-ДПМНЕ: Опозициски новинар и амбасадорот на ЕУ ги откриваат намерите!]

 

Ексклузивен текст  –  разоткривање на наводен заговор против лидерот на владејачката партија за негова смена, при што како главни темели за тезата се користат прашања на новинари, а за извори на информации се земаат луѓе од општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Професионално, нема што!!!

wretabnЛинк до оригиналниот напис: НЕКОЈ САКА ДА ПОСТАВИ ТАРАБУКА НА ЧЕЛО НА ВМРО-ДПМНЕ: Опозициски новинар и амбасадорот на ЕУ ги откриваат намерите!

Датум и време на објавување: 24.10.2016

Датум на рецензирање: 25.10.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

  ТЕЗИ НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ  

Текст со сериозно „заговорничко“ сценарио за наметнување друг лидер на владејачката партија – однадвор. Но, по читањето на написот, станува јасно дека тезите се држат на „стаклени нозе“. Покрај тоа, гледано од содржински аспект, материјалот скока од едно на друго поглавје во т.н. приказна, па затоа е неопходна анализа сегмент по сегмент.

 

СЛАБА АРГУМЕНТАЦИЈА

Прашањата до Никола Груевски поставени од две новинарки за тоа дали има план да биде дел од кандидатските листи за претстојните избори, веднаш се квалификуваат како дел од опозициско-странски план за негово детронизирање од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ја тргнеме настрана моралната одговорност дали некој сам требало да се тргне од политичката сцена по таков скандал со незаконско прислушување и ќе се фокусираме на тоа кон што цели рецензијата – низ новинарски очи да ги разголи елементите на написот. Прво, недозволиво е лепење етикети на медиуми зашто поставуваат незгодни прашања до експремиерот.

„Кога ваквото прашање доаѓа од опозициски медиум/новинар, а паралелно СЈО до сега покренува обвиненија само кон функционери на една политичка партија, станува јасно дека има сериозна политичка мотивираност зад обвиненијата кои ги покрена до сега ова јавно обвинителство“.

Па, не може да паѓаат само местенка-прашања како шутирање пенал на празен гол. Второ, за тезата дека обвиненијата на СЈО се строго селективни зашто биле поднесени против функционери на власта… Мислам, логично е, па ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 10 години е на власт и ги управува органите на државата меѓу кои и МВР и УБК. Инаку, полното име на СЈО е „Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“.

 

ИЗВОРИ?!

Како написот проверува дали Груевски има добар рејтинг и заслужува да остане лидер? Преку изјава од анонимен функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние контактиравме еден претседател на општински на ВМРО-ДПМНЕ, кој вели дека им пречи тоа што Груевски е популарен и дека направиле се да го дискредитираат, но народот едноставно му верува затоа што работи и остварува од збор до збор, а народот знае дека може да се потпре на него и не прифаќа уцени кога би се барало нешто од него“.

Веродостојно, навистина, а зошто не го прашале самиот Груевски за неговиот партиски рејтинг и дали би сакал да види друг на неговото место.

 

СПИН

Ситуацијата со Никола Груевски, кој е обвинет за сериозно кривично дело, се споредува со таа на Никола Саркози или Хилари Клинтон.

„Прашањето инаку инспирирано од изјава на Амбасадорот на ЕУво Македонија, истото треба да го насочи и кон Хилари Клинтон или Никола Саркози и ред други политичари за кои имаше сериозни сомневања за можни злоупотреби на функциите“.

Состојбите се сосема поинакви и затоа ваквата споредба не држи вода.

 

КОМЕНТАР

Исто така, имаме мешање на жанрови – ем извештај, ем коментар:

„Ваквото потценување на јавноста е нешто што е карактеристично за СДСМ и сме го виделе во повеќе наврати.

 

Веќе станува и комичен начинот на кој СДСМ сака да ја избегне волјата на народот и да направи работи кои се против државата“.

Под параванот дека на  јавноста  ѝ  се нуди чиста информација, всушност се подметнува  субјективно мислење.

Ваквата постапка се коси со професиналните новинарски стандарди:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот член 13 од Кодексот на новинари.

И,  на крајот, се добива впечаток дека стравот за „престолот“ на владејачката партија бил мотивација, но и движечка сила за оваа „одбрана пастирова“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести