verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Во Новак сè е идеално

on 27 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

КАНАЛ-5-Телевизија-crop-resize

 

[Рецензија: Зурли и тапани во Новак – над две илјади жители го пречекаа премиерот Груевски]

 

Од авион може да се види дека овој прилог е политички маркетинг и дека има цел да го испофали премиерот по секоја цена. Написот е политички пристрасен и несеопфатен.

КАНАЛ 5   ТелевизијаЛинкуван наслов на анализираниот напис: Зурли и тапани во Новак – над две илјади жители го пречекаа премиерот Груевски

Датум и време на објавување: 22.08.2015

Датум на рецензирање: 25.08.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Ударен наслов и еуфоричен вовед. Повеќе од 2.000 жители со зурли и со тапани го пречекале премиерот Груевски. Ова е првата слика што може да се види од прилогот.

„Слична беше и сликата во Жировница, Ростуше, Скудриње и останатите рекански села кои ги посети премиерот.“

Можеби слична била сликата, но таа слика гледачите не ја видоа. Според тоа, не може да се оцени вистинитоста на ова тврдење. Од прилогот јасно се гледа дека е нарачан политички маркетинг, во кој летаат пофалби за премиерот, колку тој е близок со граѓаните и како бргу ги решава нивните проблеми. Груевски е озвучен, се врти накај камерата и експресно дејствува на терен. Претходно осмислено сценарио за пропаганден филм.

Во прилогот не се спомнува ниту еден реален проблем со кој можеби се соочуваат жителите на селото Новак. Според овој напис, во Новак сè е идеално.

„Ваквиот дочек на премиерот Груевски од страна на мештаните се должи не само на реализираните проекти, туку и на стекнатата доверба, честите средби и можноста за комуникација непосредно со премиерот, велат граѓаните, кои изразија благодарност што Владата им ги решава најгорливите проблеми со кои секојдневно се соочуваат.“

А и како не би било идеално кога гледачите не видоа ниту една изјава од ниту еден жител на селото. Дури и да имал некој мака и да сакал да си ја искаже пред камерите, немал шанса за тоа, бидејќи главниот фокус е ставен врз премиерот, а не врз граѓаните.

На социјалните мрежи дури и се појави сомневање дали Груевски навистина го пречекале 2.000 жители на ова село, бидејќи, како што објави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, селото броело 1.006 жители.

Овој прилог е сè, само не професионален новинарски. Повеќе наликува на предизборен партиски рекламен материјал.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести