verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Убав пример за професионално сработен новинарски текст

on 2 - 11 - 2016       

nova

[Рецензија:  Девојчиња биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на родителите]

 

Овој текст е позитивен пример за тоа како треба да изгледа еден професионален новинарски напис. Текстот содржи вест која е од јавен интерес за граѓаните, не е сензационален и на реален начин ги информира читателите за тоа што се случило.

nova-tv-devojchinja-bile-vakcinirani-protiv-hpv-bez-znaenje-na-roditelitenova-tvЛинк на оригиналниот напис: Девојчиња биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на родителите

Датум и време на објавување: 27.10.2016

Датум на рецензирање: 02.11.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ЦЕЛОСНА СЛИКА

Во воведот од написот ја имаме веста, односно уште на самиот почеток читателот добива слика за проблемот што се обработува.

„Девојчиња од седмо одделение во основното училиште „Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица денеска биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на нивните родители. Девојчињата биле однесени во диспанзерот за вакцинација со образложение дека одат на систематски преглед, без да им биде кажано дека ќе бидат вакцинирани. Со оваа вакцина против рак на грлото на матката се опфатени девојчиња од 12 годишна возраст“.

Подолу во текстот е обработена приказната така што се побарани ставови од сите засегнати страни и на тој начин е испочитуван членот 1 од Кодексот за новинари кој пропишува:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

На прво место, секако, е мајката на едно од девојчињата, главниот извор на информацијата. Нејзината изјава во написот е пренесена целосно и таа е потпишана со полно име и презиме, што ја потврдува нејзината веродостојност.

„Ова е пропуст на училиштето и ќе поднесам тужба. Утринава ќерка ми дојде да ја земе здравствената книшка и кажа дека ќе одат на систематски преглед. Но,таму ги вакцинирале, а нас како родители кои го имаме последниот збор во одлуката, не не известија за тоа. Во консултација со лекари и педијатри категорично одлучив дека ќерка ми нема да ја прима вакцината против ХПВ. Чудно е што обично за екскурзии или безначајни работи не викаат на родителски состанок, а сега кога се работи за здравјето на нашите деца не не информираа. Не прашаа ниту дали некое од девојчињата прима терапија, дали има здравствени проблеми бидејќи во таква ситуација не се прима прима вакцина “ изјави за НОВА Анета Стојчевска, мајка на едно од девојчињата кои утринава примиле вакцина против ХПВ“.

 

ДВЕТЕ СТРАНИ НА ПРИКАЗНАТА

Исто така, во написот, како што доликува на еден професионален новинарски производ, побаран е и вклучен е став и од другите засегнати страни, директорот на училиштето и Здравствениот дом во Македонска Каменица. Директорот, исто така, е посочен со полно име и презиме.

„Сите сме затечени од тоа што се случи. Направен е пропуст и ќе понесеме  одговорност. Денеска се вакцинирани девојчињата од еден клас, утре другите. Барав објаснување од одговорните во училиштето и тие ми образложија дека од диспанзерот усно, по телефон им соопштиле дека учениците треба да одат на систематски преглед, а вакцината не била спомната, изјави за НОВА Атанасовски“.

Според тоа, може да се каже дека е запазен е и членот 4 од новинарскиот кодекс:

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити. 

На крајот од текстот имаме потсетување за читателите за тоа што било пишувано и што се случувало со оваа вакцина во Македонија.

„Многу контраверзии предизвика вакцината против ХПВ, која веќе седум години е на листата на задолжителни вакцини, а имаше најава за казни за родителите кои нема да ги вакцинираат девојчињата. Според анализите на Институтот за јавно здравје оваа вакцинација од година во година бележи се поголем пад и има најмал опфат од сите вакцини во имунолошкиот календар. Родители на свој ризик одбиваат да ги вакцинираат своите деца поради многуте несакани реакции од оваа вакцина во светот“.

Написот во целост е професионално изработен и е убав пример за тоа како треба да изгледа еден новинарски напис.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести