verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстот шири паника дека полицијата е пред колапс

on 4 - 10 - 2019       

[Рецензија: МВР пред колапс – 1.000 полицајци на неплатен одмор, уште 4.000 бараат]

Текстот што го рецензираме пренесува информации од анонимен извор, а истите не се проверени. Напишаното експресно беше демантирано од посочената институција.

Линк до оригиналниот напис: МВР пред колапс – 1.000 полицајци на неплатен одмор, уште 4.000 бараат

Датум и време на објавување: 30.09.2019

Датум на рецензирање: 04.10.2019

Рецензент: Ана Анастасовска

Написот има бомбастичен наслов и на прв поглед шири паника дека полицијата е пред колапс.

Околу 1.000 редовно вработени полицајци во МВР моментно се на неплатен одмор, а уште 4.000 го побарале истото и чекаат одговор од надлежните, дознава НетПрес од извори во ова министерство. Нашите информации велат дека најголем дел од нив ја користат законската можност да земат неплатен одмор и заминуваат да работат во Агенции за обезбедување во Германија, Австрија, Велика Британија, или во некоја од скандинавските земји, а добар дел од нив и засекогаш заминуваат од земјава заедно со семејствата.

Веста е содржана уште во првиот пасус, а тоа е дека околу 1.000 редовно вработени полицајци во МВР моментно се на неплатен одмор, а уште 4.000 го побарале истото и чекаат одговор од надлежните, Причините за тоа, како што се наведува, е дека полицајците заминуваат на работа во странство.

Тоа, според написот, значи дека полицијата е пред колапс и дека е загрозена безбедноста на граѓаните и на државата

Запрепастувачки е тоа што уште 4.000 лица од МВР чекаат на листата за одобрување, со оглед на тоа дека станува збор на важен профил на кадар, значаен за безбедноста на граѓаните и на државата.

Но, ваквите информации не се потврдено од ниту една страна. Имено, во текстот се посочува дека бил побаран одговор ов МВР, но истиот не стигнал.

„Нетпрес“ побара одговори од МВР, колку нивни вработени во моментот користат неплатен одмор, и колку се на листата на барање, но одговор не добивме.

Она што е интересно е дека редакцијата побарала одговор колку полицајци во моментот се на неплатен одмор и колку од нив поднеле барање за неплатен одмор. Она што е проблематично во текстот е што се шири паника дека е загрозена безбедноста на граѓаните и државата, и прашањето треба токму на тоа да се однесува, а не на тоа колку полицајци користат неплатен одмор.

Според податоци за МВР на страницата „Википедија“, во ова министерство работат 11.656 лица. Но, сите не се полицајци. Па, така бројките за оние кои се на неплатен одмор и оние кои го бараат моментно тоа се фрапантно големи во однос на бројот вработените.

Во овој дел од текстот се шпекулира со некакви податоци од Википедија, а не се побарани податоци од МВР. Згора на тоа, се извлекува и своеволен заклучок дека „бројките за оние кои се на неплатен одмор и оние кои го бараат моментно тоа се фрапантно големи во однос на бројот вработените.“

Информациите објавени во овој текст експресно беа демантирани од МВР и оценети како апсолутно неточни, но демантот не е објавен.

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени од порталот Нетпрес, а пренесени од неколку други портали во кои се изнесува лажна вест дека наводно 1.000 редовно вработени полицајци во МВР моментно се на неплатен одмор, а уште 4.000 го побарале истото и чекаат одговор од надлежните. Информацијата е апсолутно неточна. Бараме овие портали да ја повлечат веста и да се извинат за ширењето лажни вести со кои се обидуваат да внесат вознемиреност и загрозување на чувството на безбедност кај граѓаните. Бараме и од новинарските организации соодветно да реагираат на лажната вест со која се внесува вознемиреност и паника кај граѓаните. МВР има доволно полициски службеници за извршување на своите надлежности и апсолутно во ниту еден момент ниту се дозволило ниту пак ќе се дозволи било каква друга состојба.

Во овој текст е нарушено основното новинарско правило, а тоа е дека кога се објавува некоја вест, истата мора да биде проверена. Ако стигне демант или потврда, истите мора да се објават.

Тука е нарушено уште едно новинарско правило, а тоа е дека вестите кои се објавуваат треба да информираат, а не да манипулираат и да создаваат погрешна слика. Во овој случај имаме информации добиени од анонимни извори, непроверени, кои имаат за цел ширење паника во јавноста.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести