verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст во кој нема поткрепи, нема докази – туку само обвинувања

on 18 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

Kurir protiv Soros

[Рецензија: Сорос со тактика „Нема правда, нема мир“ протестира и против Трамп]

 

Текст кој е дефиниција за манипулација. Новинарското дело што е предмет на оваа анализа пренесува текст од српски медиум, но на тој текст тенденциозно му додава коментаторско парче, со кое целосно го менува значењето на оригиналниот текст и ја манипулира јавноста.

Написот почува со текст за протестите во САД кои се случуваат неколку дена пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Текстот коректно е преземен од српскиот медиум „Блиц“, но коректноста завршува некаде на половина од текстот. Другата половина е додавка која нема никаква поврзаност со оригиналниот текст и е лепенка која служи за вршење пропаганда.

 

Сорос со тактика „Нема правда нема мир“ протестира и против Трамп Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: Сорос со тактика „Нема правда, нема мир“ протестира и против Трамп

Датум и време на објавување: 14.01.2016, 21:54

Датум на рецензирање: 18.01.2017

Рецензент: Симона Атанасова

 

И ПРЕЗЕМЕНОТО ПОД ПРАШАЛНИК

Всушност, и делот што е преземен од српскиот медиум е сомнителен. Не е потвден фактот дали навистина протестите во Вашингтон се спроведуваат под мотото „Нема правда нема мир“.  За такво нешто текстовите не нудат фотографија или, пак, видеоснимка што би го потврдиле тврдењето изнесено во текстот.

Како што пренесуваат и светските медиуми, протестите против Трамп во Вашингтон се заради барање рамноправност и еднаквост од новата американска администрациј, како и за изразување негодување за ветувањето на Трамп дека ќе ја укине здравствена програма на претседателот во заминување Барак Обама, позната како „Обамакер“.

И сето ова нема апсолутно никаква врска со Џорџ Сорос.

Во ниту еден американски медиум, ниту кој било друг светски релевантен медиум воопшто не се спомнува името на Сорос во контекст на овие протести. Освен во македонските медиуми.

Всушност, ниту во текстот кој е предмет на оваа рецензија не се спомнува Сорос, туку неговото име фигурира само во насловот на текстот. „Озогласениот“ Сорос повторно служи „да плаши луѓе“, па без никакви докази за поврзаност му се припишува организација на протести како во САД така и во Македонија.

 

НЕЈАСНО Е ПОРАДИ ШТО Е „ЈАСНО“

Збора на сè, текстот прави невозможна паралела помеѓу САД и Македонија, тврдејќи без факти дека „во Америка се спроведува иста шема како и во Македонија“, односно „сценарио веќе видено“.

„Она што е јасно е дека станува збор за класично политички протест под параван на невладини и граѓански организации чија цел е замајување на јавноста. Сценарио веќе видено во Македонија, протести под истото мото на невладини организации кои навидум се залагаат за некакви права. Единствена цел им е политиката и одработување за левицата, а против десницата која како и во Македонија така и во САД спроведува национални исправни политики“.

Воопшто не е јасно како е „јасно“ дека станува збор за класичен политички протест под параван на невладини организации, како што тврди текстот. Нема ниту еден доказ за поврзаноста ни на Сорос, ни на невладини организации кои се под негова палка при организацијата и спроведувањето на протестите во САД. Ниту, пак, има реална потврда дека организаторите одработуваат за левицата, а против десницата – како во САД, така и во Македонија.

Написот, исто така, коментаторски и пристрасно вели дека „десницата како во Македонија така и во САД спроведува национални исправни одлуки“. Останува да „виси во воздух“ врз основа на што медиумот го базира ова тврдење? Според кои критериуми, на јавноста ѝ се сервира како точно тврдењето дека десницата спроведува национални исправни одлуки?

Исто така, пристрасно се заклучува дека невладините не ги интересираат ниту права, ниту здравство, образование и други граѓански теми, а нема доказ дека ова навистина е така или е измислено со одредена цел.

Овој напис воопшто не ги почитува етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите ниту, пак, чесно, објективно и точно ја информира јавноста. Всушност, единствената работа која се постигнува со написот е извртување на фактите, а со тоа дезинформирање и манипулирање на читателите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести