verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинувана пораката на Заев за Светскиот ден на медиумите

on 6 - 05 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Заев со „фала“ за професионалноста и на медиумите за кои најави истраги]

Текст полн со спинови кои целосно ја извртуваат пораката на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, којашто тој ја упати на социјалните мрежи за Светскиот ден на слободата на медиумите.

Заев во објавата напиша само благодарност до медиумите за професионалноста и одговорноста и воопшто не споменува на кои медиуми мисли, не напиша име на ниту еден медиум ниту новинар. Пораката е премногу општа за да се изведе извртен заклучок како во текстот што е предмет на оваа рецензија.

Линк до оригиналниот напис: Заев со „фала“ за професионалноста и на медиумите за кои најави истраги

Датум и време на објавување: 3.5.2020

Датум на рецензија: 5.5.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Но, некој своеволно си ја интерпретирал пораката и напишал текст со кој преку извртување на фактите се манипулира јавноста.

Тој им се обрати на сите медиуми во Македонија вклучително и на ТВ Алфа и порталите Лидер, Република, Курир и Нетпрес, кои претходно неговата партија и тој лично отворено ги нападна поради уредувачката политика.

Ова е комплетно искривување на тоа што Заев го напиша во неговата објава на Фејсбук.  Се поставува прашањето зошто во текстот пред нас се издвоени баш овие медиуми кои многу често шират пропаганда, дезинформации и објавуваат манипулации како за лидерот на СДСМ, така и за самата партија и функционерите во власта?

Заев во пораката се заблагодарува „на медиумите за професионалниот и одговорен пристап за време на кризата предизвикана од коронавирусот“. Но,  токму дел од медиумите кои се набројани во текстот, засилено ширеа дезинформации и објавуваа сензационалистички написи за коронавирусот. Написи кои освен што не се вистинити, непотребно и неодговорно ширеа паника и страв кај јавноста.

Повеќе меѓународни и домашни набљудувачи како погрешна и антидемократски ја оценија политиката на Заев и СДСМ да ги нападнат критички настроените медиуми.

Ова е уште една манипулација и шпекулација. Прво не е наведено кои се тие меѓународни и домашни набљудувачи. Второ, да се напише дека некој рекол дека одредена политика е погрешна и антидемократска, а да не се наведе извор на информацијата, во најмала рака е неодговорно спрема читателите.

Доколку кој било изјавил официјално вакво нешто, нема никаква пречка да не се наведе тоа во текстот, со што тврдењето би добило на тежина и кредибилност. Вака, виси во воздух и делува невистинито.

Целиот текст оддава впечаток дека намерно ги извртува фактите со цел да се наруши одреден кредибилитет. А, токму такво нешто не  дозволуваат ниту етичките правила, ниту Кодексот на новинари.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести