verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозност:„Доказ“ шпекулативно оставката на Дончев ја врзува со криминал

on 6 - 05 - 2020       

Фото: Илустрација


[Рецензија: Ден Дончев си поднесе оставка од директор на Фондот за здравство, тоа не те спасува имало за тебе бааги бомби за криминал]

Насловот на текстот сам по себе е показател на пристрасност. Наместо, информацијата за оставката на директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев да се презентира на еден вообичаен професионален начин, во овој наслов таа шпекулативно се доведува во врска со криминал.

Линк до оригиналниот напис: Ден Дончев си поднесе оставка од директор на Фондот за здравство, тоа не те спасува имало за тебе бааги бомби за криминал

Датум на објавување: 05.05.2020

Датум на рецензија: 05.05.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Обвиненијата за криминал и судските постапки ниту почнуваат, ниту запираат поради нечија оставка од функцијата. Па, оттаму, делува нелогично тврдењето во насловот: „тоа не те спасува имало за тебе бааги бомби за криминал”. Истовремено, зачудува и самиот начин на лично обраќање кон ексфункционерот, што не кореспондира со професионалните стандарди.

На самиот почеток на текстот, пак, има еден чуден, сосема несоодветен дел за информативните жанрови, како вести или извештаи:

КАЖИ ЗА БОМБИЦИТЕ КАДЕ РЕКЕТИРАШ И СЕ ПОВИКУВАШ НА ЗОРАН ЗАЕВ….

Тука, „Доказ“ без никакви докази, сензационалистички и провокативно алудира на рекет и притоа споменува уште еден политичар.

Во законодавство важи пресумпцијата на невиност, при што секој е невин додека не се докаже спротивното. А, и во Кодексот на новинарите во членот 8 се вели:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

Без да навлегуваме во материјална расправа дали постоеле или не постоеле обвинувања, докази или постапки поврзани со функционерот кој си даде оставка,во текстот е забележлива тенденциозноста неговата оставка да се поврзе со криминални афери:

Но, по оставката на контроверзниот Дончев, се поставува прашањето дали вистинската причина се двете големи афери во кои тој се споменува и можноста да биде гонет.

Но, функцијата никого не амнестира од одговорност од евентуален криминал, ако за такво нешто се појават докази. Понатаму, доколку текстот сака да го постави прашањето дали функционерот си дава оставка поради причини поврзани со некаков судскиот спор, едноставно тој требало да се праша за тоа. Така, написот ќе ја имаше претставено и втората страна.

Исто така, во текстот е наведено дека „сопственичката на „Диамед“ го обвини Дончев дека заедно со министерот за здравство, Венко Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија“, ама повторно на втората (засегнатата)  страна не ѝ е дадена можност да каже збор-два за овој случај.

Така што, очигледно е дека намерата на овој текст не била објективно да информира за оставката на Дончев, која Владата ја прифати и за тоа извести со соопштение, туку да шпекулира за неговите мотиви да се повлече од челната позиција на Фондот за здравство.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести