verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сорос не е ниту на „црната листа“ на Кремљ

on 6 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Путин нареди – меѓународна потерница за Џорџ Сорос!]

 

Станува опасно. Станува општо присутно непроверени, непотврдени информации, дури и од еден официјален извор, да бидат објавени како вистини. Да не зборуваме за правилото да бидат потврдени од два независни извори. Тоа веќе одамна кај нас е незамислива новинарска практика.

Изгледа дека има една иста таква ситуација и со медиумската содржина опфатена со оваа содржина.

06032015-VecerSorosPoternicЛинк до оригиналниот напис: Путин нареди – меѓународна потерница за Џорџ Сорос!

Датум и време на објавување: 26.05.2015

Датум на рецензирање: 03.06.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Се разбира, авторот на оваа рецензија посвети многу време, многу повеќе време отколку авторите на медиумскиот текст што се рецензира, во потрагата по автентичен и релевантен извор или медиум кој пренел авторитетен извор поврзан со веста дека Путин издал наредба да се уапси милијардерот Џорџ Сорос. И покрај сите заложби, не најдовме ниту еден посериозен, авторитетeн извор, ниту, пак, релевантен медиум кој објавил ваква информација. Дури ни руски медиум.

Единствено што најдовме е една голема листа од квазимедиуми или интернет-портали кои се занимаваат со тероии на заговор, со озборувања или, во најдобра варијанта, интернет-страници кои себе се нарекуват „пред вестите“, односно beforethenews. Интересно, но неубедливо.

Тое беше прво. Битно е и второто: Се работи за стара вест, првпат пуштена во февруари или март во 2012 година и која се повторува во сите наредни години.

Како трето, не помалку важно, е да се упати на правилата за меѓународни потeрници кои велат дека таков вид судски потврдени постапки можат да издаваат само меѓународни судски тела, како што е, на пример, Меѓународниот суд на правдата. Во овој случај, Путин, колку и да е моќен во својата земја реално, а во очите на некои во светот, како перцепција, сепак, нема никакви овластувања да издава меѓународни потреници. Такви шерифи не познава меѓународниот судски и правен систем.

И четврто, се чини најважна е „црната листа“ на Кремљ, објавена деновиве, на која се наведени лица од ЕУ на кои им се забранува влез во Русија. На неа не е Џорџ Сорос. А, тој, според неговата биографска страница на „Википедиjа“, е и – унгарски граѓанин. Унгарија е членка на ЕУ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести