verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулативна приказна без ниту еден доказ

on 20 - 02 - 2017       

 

maktel

[Рецензија: ПАНИКА, ДРАМА И ХАОС ВО ВЛАДИНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Од врвот на ВМРО ДПМНЕ дале наредба сите министерства, владини агенции и општини викендов да уништуваат документација, се спремаат за предавање на власта на СДСМ!!! ]

 

 

Текстот е шпекулативен, без ниту еден конкретен извор ниту, пак, доказ за изнесените тврдења. Повеќе наликува на чаршиско озборување, отколку на новинарски производ кој соопштува проверени и издржани податоци.

Мактел1Линк до оригиналниот напис: ПАНИКА, ДРАМА И ХАОС ВО ВЛАДИНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Од врвот на ВМРО ДПМНЕ дале наредба сите министерства, владини агенции и општини викендов да уништуваат документација, се спремаат за предавање на власта на СДСМ!!! 

Датум и време на објавување: 19.02. 2017

Датум на рецензирање: 19. 02. 2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

 

НЕПОТКРЕПЕНИ ТВРДЕЊА

Насловната конструкција, која е предолга, е обоена со сензационализам карактеристичен за објави за привлекување внимание. Употребена е таква формулација како да станува збор за проверени и потврдени податоци, што е само уште една замка за читателите.

Главата на веста се повикува на неименувани извори, кои, наводно, јавуваат дека ВМРО-ДПМНЕ испратила допис за прекувремена работа до државните институции за уништување на докази и на документација.

„Дознаваме дека викендов во сите државни институции се работело до доцна во ноќта, стигнало наредба од горе да се уништува документација, се режело се што е спорно, некои и палеле документи во ќубиња!!!“

Тоа што е спорно во главата, но и во остатокот од веста е изворот, кој никако не е идентификуван и лоциран. Во случај наводниот извор да побарал анонимност, истиот треба да биде барем соодветно лоциран, на пример, со „дознаваме од партиски извори, владини извори, извори од министерството“… Дури и да има наведен извор, информацијата мора да биде проверена – сепак, станува збор за поголем број институции кои се именувани. Во случај инститциите да негираат или ако не сакаат да дадат коментар, тоа треба да биде наведено во текстот.

Во написот, без никаква поткрепа на изнесеното, се наведува дека, наводно, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се во паника бидејќи сфатиле дека заминуваат во опозиција. Но, за ваквите наводи нема ниту една изјава, доказ или дејство што го потврдува изнесеното. Ваквите тврдења, според  навивачкиот тон во кој е напишан текстот, веројатно, имаат цел да прикажат некоја посакувана слика.

Според приказната што се плете, освен што, наводно, се уништувале документи во институциите на централната власт, се вели и:

„Дури и општините чешлале по тоа книгите, уништувале документи, сите биле во голема паника, се плашеле дека Катица ќе го замени Марко Зврлевски и ќе тргне да копа по сите министерства и дека бројката на обвинителни процеси од стотина ќе се качи на илјадници во наредните 4 години власт на СДСМ“.

Исто така, користејќи формулација „се раскажува“, во текстот е наведено:

„… од една фирма за набавка на канцелариска опрема од владата добиле нарачка за стотина режачи на хартија, кои биле распределени со камион по сите министерства!!!“

За сето ова нема никаква потврда, ниту од Владата, ниту од фирмата набавувач, која не се ни спомнува. Нема ни фото-докази од камиони што носат или од кои се растовара споменатата опрема!

Целиот напис се коси со стандардите  утврдени во Кодексот на новинарите кој, меѓу другото, налага објавување на точни, проверени информации и непристрасно известување.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести