verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Сервис за проверка на факти“ организира јавна средба со медиумите

on 11 - 11 - 2014       

487807_556902327676249_736488614_n-fullresolution-iskombinirano-002

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во име на „Сервис за проверка на факти во медиумите“, кој е компонента на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, имплементирана од Фондацијата „Метаморфозис“, имам чест да Ве поканам на

Јавна средба со претставници од медиумите,
в среда, 12 ноември
 од 12 часот
во ГЕМ-клубот во Скопје

Тема на средбата е отворена дискусија за досегашните искуства од соработката со „Сервис“ и фидбек од медиумите за тоа како може да се зголеми учеството на граѓаните во процесите на подобрување на квалитетот на медиумската продукција во Македонија, преку содржините на „Сервис“.

Претставници на медиумите ќе можат да искажат и сугестии за тоа какви написи се заинтересирани да добиваат од „Сервис“, односно кои се тие теми од медиумската проблематика што би биле најинтересни за нивните читатели.

На средбата ќе говорат:

  • проф. д-р Мирјана Најчевска – експерт за човекови права и медиумски аналитичар во „Сервис“;
  • Филип Стојановски – програмски координатор и менаџер на проектот;
  • Владимир Петрески – уредник на „Сервис за проверка на факти во медиумите“;

Средбата е отворена за јавноста, а поканети се и сите медиуми кои досега пренесувале содржини од „Сервис“, како и сите други заинтересирани страни.

За поефикасна логистика, Ве молам потврдете го Вашето учество до вторник, 11 ноември, во 14 часот, по е-пошта до vladimir@metamorphosis.org.mk.

Со почит,
Владимир Петрески
уредник на „Сервис за проверка на факти од медиумите“

 

Претплатете се за најнови вести