verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Збогум легендо – збогум Драган Б. Костиќ

on 16 - 06 - 2014       

21-09876-098-crop-resize

Причината зошто овој текст е подложен на рецензија е само една и единствена, а тоа е насловната конструкција.

„Насловната конструкција претставува комбинација од зборови, кратки и ефектни слогани со кои се озглавува текстот во печатот… За наслов во основа се избираат: кратки, ефектни комбинации од зборови кои малку траат, а многу кажуваат.

Идејата на насловот во голема мерка треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата од текстот. Општо правило е во насловот да се става најбитното, најсодржинското, најновото“ – Новинарски жанрови

Дали насловот во овој случај барем делумно одговара на погоре кажаното? – Одговорот е не!

2Линк до оригиналниот напис: Збогум легендо – збогум Драган Б. Костиќ

Датум и време на објавување: 10.06.2014, 12:05

Датум на рецензирање: 14.06.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ЗБОГУМ“ НА ТЕКСТОВИТЕ СО ВАКВИ НАСЛОВИ

Претпоставувам дека намерата била со насловот едноставно да ѝ се оддаде почит на една навистина неодминлива личност во македонското радио-водителство. Но, ако таквата идеја била позитивна во замислата, во реализацијата произлегла, еве во најмала рака, лошо. Зошто? Затоа што, читајќи го насловот, првиот впечаток е дека споменатиот водител починал и дека текстот е, всушност, последен поздрав со него. Значи не може да се каже „Збогум легендо – збогум Драган Б. Костиќ“, притоа мислејќи дека ќе се долови вистината – а таа е дека човекот заминува во пензија од матичната куќа каде го минал работниот век. Употребените формулации во насловната конструкција ама баш со ништо не кажуваат дека се сакало да се каже оти емисиите по кои е препознатлив овој радио-водител веќе нема да одат во етер поради неговото пензионирање, туку пораката која е пратена со насловот, и тоа недвосмислена, е дека тој човек нѐ напуштил засекогаш.

Да бидеме јасни, има разлика од пензионирање и прекинување на некоја емисија, до тоа дека некој починал. Оттука, ако една од главните одлики на еден наслов е накусо да ја каже содржината на написот кој го озглавува, тогаш во овој случај тоа апсолутно не е постигнато. Значи, имаме пример за дезинформација на јавноста на што, впрочем, јасно упатуваат и читателите и во коментарите под текстот. Нивната реакција е разбирлива, бидејќи тие, исто како и јас, добиле погрешен впчатокот од насловот.

Дополнително, во самата содржина, која е коректна, се пренесува изјава на самиот водител, кој навестува дека можеби неговото пензионирање не значи и целосно прекинување на неговите радио-емисии кои би можеле да се префрлат на друга фреквенција:

„Законски е јасно, сум ја исполнил возрасната обврска, а МРТ нема интерес да го продолжи емитувањето на емисиите (и „Заборави ако можеш“ и „Диско селектор“), што е нивно право. Не можам ништо против тоа, освен во догледно време да пронајдам нова фреквенција за истите или некои други радиски проекти. Уште еднаш им благодарам на сите добронамерни кои во медиумската безличност во овие емисии пронаоѓаа оаза“.

Не само што оваа негова изјава не е земена предвид при пишувањето на насловната конструкција, туку, напротив, таа е, што е можно повеќе, сензационалистички скроена за, претпоставувам, повеќе кликови. Но, сепак, вистинитоста не може и не смее да биде жртва на сензационалноста.

За да бидеме до крај фер, ќе наведема уште неколку примери и дефиниции за тоа што значи вистинска и коректна насловна конструкција.

„Добар наслов е информативен и содржаен, како најважен дел на новинарскиот текст тој мора да му биде верен на текстот, а тоа значи актуелен, значаен, занимлив, точен, прецизен, понекогаш целата вест да се каже во два до три збора“ – Новинарска енциклопедија

„Знам многу луѓе кои од весниците ги читаат само насловите. Насловите ја создаваат физиономијата на весникот, можат да ја осветлат и да ја оживеат страницата и да спасат слаба вест. Да направиш добар наслов не е толку едноставно како што се мисли“ – Дино Букати

Примери за тоа:

Листата на вакви наслови во историјата на новинарството е многу долга, а оваа насловна конструкција од овој текст секако нема место на списокот.

Конечно, Драган Б. Костиќ заслужува подобар наслов, а не ефтин епитаф.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатна бидејќи е целосно згрешен насловот

во насловот не ја кажува главната информација

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

написот е коректен, но неговиот наслов не

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести