verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев и Шеќеринска на отчет кај Филе поради бојкотот на изборните резултати

on 10 - 06 - 2014       

www_alfa_mk_News_aspx_ID77675_U4-DL_mSyul-crop-resize

Прилогот насловен: „ Заев и Шеќеринска на отчет кај Филе поради бојкотот на изборните резултати“, со нагласена тенденциозност ја најавува средбата на лидерскиот двоец на СДСМ со еврокомесарот за проширување. Според начинот на кој е конципиран и пласиран овој материјал, се добива впечаток како едвај да се чекало да се соопшти „спектакуларната вест“ дека авторитетите во  Брисел ќе ја критукуваат опозицијата поради неприфаќањето на пратеничките мандати. И, веројатно, со таа водилка е направен и изборот на аналитичарот, кој е еден од оние исти експерти кои постојано се „вртат“ на одредени медиуми и чии ставови се поклопуваат со оние на владејачката партија.

www_alfa_mk_News_aspx_ID=77675#_U4-DL_mSyulЛинк до оригиналниот напис: Заев и Шеќеринска на отчет кај Филе поради бојкотот на изборните резултати

Датум и време на објавување: 4.06.2014, 17:53

Датум на рецензирање: 6.06.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Повод за прилогот е  посетата на врвот на СДСМ на Брисел.  Сепак, идејата не е да се пренесе една коректна информација  дека ќе се случи таков настан, за кој социјалдемократите информираа преку соопштение. Материјалот што го рецензираме  воопшто и не го споменува соопштението (што не е спорно, тоа е проценка на медиумот), туку се повикува на „извори од Брисел“  и прозвучува како како да блика од радост, обзнанувајќи ѝ на јавноста дека „опозиционерите ќе одат на отчет кај Филе“!

Во ЕУ постоел гнев од постојаното интервенирање во Македонија, по веќе четвртиот бојкот  за само една година од страна на опозицијата. Па затоа еврокомесарот решил да ги повика во европската престолнина челниците на опозицијата и да им одржи сериозна лекција“!

Иако не е новина дека меѓународниот фактор не поддржува бојкот на институциите и вонпарламентарно дејствување, па не беше ни тешко да се претпостави дека опозицијата повторно ќе биде повикана да се врати во Собранието.  Но, очигледно, некому му било многу важно ова да се каже пред споменатата посета и тоа со огромна доза на тенденциозност.

Во тој контекст фино се вклопува и изјавата на експертот:

„Гестот со постизборниот бојкот не води никаде и е на директна штета на државата, бидејќи тоа покажува дека немаме функционална демократија, а еден од условите за понатамошно придвижување на државата е токму таа функционална демокартија“

Што, всушност, е добро познат став кој оди на линија на тоа вината за политичката криза да се префрли во опозицискиот двор, со цел власта целосно да се амнестира од одговорност за евентуалното губење на препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

 

ЗРАЧИ СО ПРИСТРАСНОСТ

Овој едностран новинарски производ со претенциозен наслов и зачинет со коментаторски елементи просто зрачи со пристрасност. Тој е крајно непрофесионален, со очигледен мотив да ја дискредитира опозицијата.

Паѓа во очи  и тоа што пред средбата на двоецот Заев-Шеќеринска со еврокомесарот Филе,  авторот на прилогот бил брифиран само за „лекцијата“ која треба  да ја добие опозицијата.  Упатените „извори од  Брисел“ не му кажале, на пример, ниту збор за тоа дали и какви  пораки  ќе бидат испратени на адреса на Владата. Настрана,  што  немало ниту потреба од брзање „екслкузивно“ да се најават „поентите“ од средбата,  уште пред таа да се случи. Некако, пологично е најнапред да се сочека да се одржи состанокот, па потоа да се излезе со целосна информација.

За волја на вистината,  во соопштението од Кабинетот на  еврокомесарот издадено по средбата, приоритетно место имаат пораките кои се однесуваат на Владата, а во кои се вели дека новата Влада има јасна одговорност за решавање на недостатоцте  што се повторуваат во препораките на ОБСЕ/ОДИХР  и во извештаите на Европската комисија за напредокот на земјата, и тоа како прашање на итност“

Но, ете,  авторот  не бил брифиран за нив, па не можел да ги најави, како што тоа го стори со „укорот“ за опозицијата!

Така што,  при правењето на прилогот, за жал не се успеало или, можеби, не се сакало да се изгради дистанца од политичките субјекти. И на тој начин (не)свесно се прекршени востановените принципи на  добрата новинарска практика. 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести