Рецензија: Список на Greenpeace: Храна која содржи ГМО состојки
Објавено во Рецензии
on 10 - 06 - 2014 Автор: Зоран БојаровскиНашиот читател, во делот за предлози за рецензии на веб страницата на Сервисот за проверка на фактите од медиумите, напиша: „Медиумот нема објавено ниту линк до списокот, а на веб-страницата на Гринпис нема ваков список. Ако побарате на Гугл со “greenpeace black list gmo” има разни резултати, ама ниту еден не води кон баш ваква листа од Гринпис.“
Станува збор за тоа дека најпознатата светска еколошка организација Гринпис, според информацијата на медиумот чија вест ја рецензираме, составила список од прехранбени продукти кои содржат генетски модофицирани состојки. Тоа е тема која секогаш го предизвикува љубопитството на публиката. Глобална тема, која заради достапноста на прехрамбените продукти и на нашиот пазар, е, секако, тема и за нашата публика. Но, како што покажува и реакцијата на нашиот читател, публиката кај нас е сѐ повеќе медиумски еманципирана и информации кои не се поткрепени со релевантни докази, линкови, извори… не поминуваат.
Линк до оригиналниот напис: Список на Greenpeace: Храна која содржи ГМО состојки
Датум и време на објавување: 07.06.2014, 09:41
Датум на рецензирање: 10.06.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
На медиумите веќе треба да им е јасно. Публиката знае како може самата да провери некоја вест. На еден клик понатаму на интернет се откриваат многу можности за проверка, но и многу можности за препознавање на непрофесионално обработена информација.
Сѐ што требало да направи авторот на информацијата што ја рецензираме, било да го објави изворниот текст, како и да го линкува. Тоа е постапката за најпрофесионално завршена работа која оддава впечаток на етички исправна постапка.
Зашто, навистина, пребарувањето низ веб страницата на Гринпис, онака како што направил нашиот читател што ја предложи оваа информација за рецензија, и како што прават се’ повеќе читатели, не даде соодветни резултати. На самата страница од Гринпис исто се наоѓаат предупредувања за нездрава или генетски модифицирана храна, но ваква листа – нема.
Листи како оваа објавена во информацијата што ја рецензираме има на некои блогови што немаат врска со Гринпис, а третираат вакви теми, но дефинитивно не се идентични со листата објавена во информацијата што ја анализираме.
Затоа читателот, а и ние, со право се прашуваме: Зошто медиумот објавил листа без да понуди линк до изворникот? Дали составил своја листа врз основа на пронајдените резултати од пребарувањето на оваа тема? Но, тоа веќе не е листа на Гринпис!?!
Една куса, и навидум, сосема обична информација, отвори многу дилеми и прашања за кои одговорите ги знаат само оние во медиумот што ја објавиле оваа информација. Наше е само да констатираме дека вака компилирани информации веќе не поминуваат кај публиката.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Не може да се утврди
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
Не може да се утврди
сензационален
соодветен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови