verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Владата меѓу народот – функционерите на поплавените места низ Македонија

on 10 - 02 - 2015       

Владата-меѓу-народот-–-функционерите-на-поплавените-места_-http___republika.mk_-crop-resize-002

 

Текстот што е пред нас преку спинерскиот наслов „Владата меѓу народот – функционерите на поплавените места низ Македонија“, испраќа порака дека власта (Владата) е грижлива и се солидаризира со маката на населението од поплавените подрачја. Оваа информација има цел да ја пофали Владата и да го нагласи ангажманот на премиерот и на дел од членовите на неговиот кабинет.

Владата меѓу народот – функционерите на поплавените места_ - http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис: Владата меѓу народот – функционерите на поплавените места низ Македонија

Датум и време на објавување: 07.02.2015, 12:59

Датум на рецензирање:  08.02.2015

Рецензент:  Оливера Војновска

 

ПОПУЛИСТИЧКА ОБЈАВА

Материјалот нема проблеми со вистинитоста. Всушност, станува збор за најава на посетата на премиерот и на некои министри од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, на реоните зафатени со поплавите. И, иако, тоа во написот не е прецизирано, веројатно за настанот е добиено соопштение од прес-службата на Владата. Проблемот е во начинот на кој е пласирана информацијата. Па, наместо една техничка вест, направена е популистичка, фалбаџиска објава за Владата.

Во неа јасно се препознава намерата да се истакне улогата на Владата во справувањето со последиците од поплавите. Особено се истакнува улогата на премиерот, чија целодневна агенда е објавена и тоа со прецизна сатница на средби и на разговори со локалните функционери:

„Во 14:00 часот, премиерот Груевски ќе оствари средба со граѓаните од поплавените локации во општина Новаци, а во 14:30 часот, ќе одржи состанок со локалниот кризен штаб во општината Новаци , на кој ќе присуствуваат градоначалниците на општина Битола Владимир Талески, на општина Новаци Лазар Котевски и на општина Могила Стево Пивковски.

Потоа, премиерот Груевски ќе оствари средба со претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров… Во 15:30 часот, ќе ги посети општина Могила и оштетениот мост на река Шемница…“

 

ВО СТИЛОТ НА ВУЧИЌ

Насловната конструкција е од два дела и има пропагандистички призвук. Во истиот тон е и почетокот на написот, каде веднаш по најавата за посетата на владиниот тим се вели:  „на лице место се врши увид во состојбите, проценка на последиците, се координира системот на превенција, се разговара со луѓето“.

Несомнено, ваквата формулација не е избрана случајно, туку за да го зајакне ефектот на посветеноста  на Владата. Иако е јасно дека ниту премиерот, ниту министрите не вршат увид, ревизија или процена на штетите. Впрочем, тоа и не е нивна задача. Тоа го прават стручни служби и специјализирани лица.

Фотографијата со која е илустриран написот, а на која во преден план се прикажани премиерот и министерката за внатрешни работи снимени „на местото на настанот“, дополнително го засилува впечатокот дека на читателите им е понуден пропагандно-рекламен материјал.

Гледано во целина, оваа медиумска содржина напишана во популистички манир, претседателот на македонската Влада го претставува во стилот на српскиот премиер, кој минатата година за време на катастрофалните поплави во Србија беше постојано присутен  во  медиумите и неуморно го градеше имиџот на главен јунак во спасувањето, делењето помош, кооординацијата и санирањето на состојбите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести