verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Теренската кампања на СДСМ – параван за привлекување нови членови

on 3 - 11 - 2014       

kanal5com_.mk_vesti_detailasp_ID52310-crop-resize

Прилогот што го рецензираме нагласено се труди да ја девалвира најавената теренска кампања на социјалдемократите. Таква интенција има целиот материјал од почеток до крај, а се добива впечаток  дека намерно е направен и таков избор на експертот – познат во јавноста по критизерските настапи  кон опозицијата.

kanal5.com.mk_vesti_detail.asp_ID=52310

Линк до оригиналниот напис: Теренската кампања на СДСМ – параван за привлекување нови членови

Датум и време на објавување: 28.10.2014, 14:57

Датум на рецензирање: 29.10.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

„ТЕЖОК ГРЕВ“!

Текстот се повикува на фрагменти од прирачникот за теренска кампања на СДСМ и притоа  на јавноста ѝ нуди „спектакуларно откритие“ дека опозицијата направила „тежок грев!“:

„…главната цел на кампањата е граѓаните да се убедат да станат членови или активисти на партијата…“

Истата поента се нагласува и во насловот:

„Теренската кампања на СДСМ – параван за привлекување нови членови“

Само, нејасно е што има толку страшно во тоа некоја партија да сака да го зголеми членството!?  И, зарем сите партии немаат амбиција  да придобијат нови приврзаници и симпатизери? Или, тоа може  да го посакува  само партијата на власт и само таа може да води теренска кампања!

А, бидејќи најголемата опозициска партија се „осмелила“ да ги убедува граѓаните да станат нејзини членови,  и  уште тоа го навела  како  „водилка“  во прирачникот за кампањата „Работиме заедно“, таа, во најмала рака, треба  да се стави на „столбот на срамот“!

 

НЕУМЕСНА КОНСТАТАЦИЈА

Прилогот, затскривајќи се зад мислењето на „аналитичарите“, неумесно констатира дека:

„Прирачникот на СДСМ како да е излезен од старата Гебелсова школа, дегутантна и надмината“

Притоа, видливо е дека намерно се дава навредлив тон и отворено се манифестира нетрпеливост кон опозицијата. Со одбивност кон опозиционерите зрачи и настапот на аналитичарката, чија мисла  се предимензионира и се издигнува на ниво на цела експертска јавност.

И што уште да се каже за овој тенденциозен прилог во кој целосно потфрлиле стандардите на етички исправното новинарство и во кој е илузорно да се бара балансираност. Отвореното покажување несимпатии кон некоја политичка опција е несвојствено за професионалното новинарство, кое подразбира да се изгради дистанца при информирањето за полтичките настани. Во таа смисла,  ваквиот начин  на обработка и на пласирање на информациите  оставаат простор за сомнеж дека мотивите за прилогот не се новинарски, додека истовремено се и политички обоени.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести