verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Селективни факти, манипулирани факти, спинувана вистина

on 27 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http_netpress.com_mk_so-poslednata-crop-resize

 

[Рецензија: Со последната „бомба“ Заев го дозакопа Фиат Цаноски]

 

Текстот што го рецензираме и којшто заслужува негативна рецензија, селективно ги прикажува фактите, манипулира со нив и ја спинува вистината. Па, наместо да ја информира јавноста дека лидерот на СДСМ  на 23 март 2015година  објави неколку телефонски разговори, за кои тврди дека се меѓу премиерот и министерот за транспорт и врски и во кои, наводно, „Груевски му признава на Јанакиески дека го лажел Фијат Цаноски дека му нашле грешки во градбата“. Написот, комплетно ги извртува тезите и ја пласира приказната дека Цаноски бил тој кој признал дека имало грешки при градбата!

http___netpress.com.mk_so-poslednataЛинк до оригиналниот напис: Со последната „бомба“ Заев го дозакопа Фиат Цаноски

Датум и време на објавување: 23.03.2015, 17:26

Датум на рецензирање: 26.03.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

НАПИС СКАРАН СО ВИСТИНАТА

Во текстот се изнесува паушална информација (која потоа се извлекува и во спинерскиот наслов), дека Заев со материјалите кои ги презентираше на прес-конференција:

„не потврди никаков криминал на власта, а само уште повеќе го „закопа“ бизнисменот Фиат Цаноски.“

Но, дали е тоа така?  И што кажа Заев  кога ја обелодени 13–тата „бомба“ од аферата „Прислушување“? Тоа лесно може да се види од снимките за прес-конференцијата на СДСМ.  (снимка 2: Груевски го демантира Груевски – 12,47–23,10 минута од видеозапосот)

Во интерес на вистината, треба да се каже дека опозицискиот лидер  презентирајќи ги разговорите рече:

„Во овие разговори Груевски му признава на Јанакиески дека го лажел Фијат Цаноски дека му нашле грешки во градбата, а Миле Јанакиески уште предлага “да му најдат маана“ за целиот товар да падне на грбот на Фијат Цаноски против кого е насочен одмаздничкиот чин…“

Потоа тој ги пушти аудиоснимките (за кои тврди дека се разговори меѓу премиерот и министерот Јанакиески), на кои  постојано се слуша смеењето на премиерот додека му кажува на Јанакиески колку бил исплашен Цаноски од случувањата со „Космос“. Според овие разговори, двајцата смислуваат сценарио да му кажат на Цаноски дека, наводно, биле утврдени грешки при изградбата на „Космос“, а за да се спасат од одговорност градоначалниците на Гази Баба и на Скопје, бидејќи тие му дале одобрение за градба .

„Е сега ти треба да смислиш причина зошто си го држел. Нешто…појма немам, не мора во детали да му кажувам, до вечер, ја му реков –вечер ќе ти се јавам“, (НГ) (14,47 минута од видеозаписот)

„Не, одма ќе ви кажам. Значи, демек, згрешиле службите, правеле анекс, јас сум го пуштил во Катастар, да го проверат до крај. И Катастар демек до утре ќе ми одговори.“, (МЈ)(14,59 минута од видеозаписот)

 

„…Знаеш зошто вака постапив? Не знам дали сум ти кажал. Ќе го тужи Коце и овој, Тони. На тоа ќе се сведе. Ќе им земе отштета и ќе ги брка лично“, (НГ)

„А да тераме или да му најдеме негова маана?“, (МЈ)

„Како?“, (НГ)

„Негова маана да му најдеме?“, (МЈ)

„Негова ако имаме да му најдеме, добро е да ја имаме, па да видиме понатаму како ќе оди…“, (НГ) (21, 50 до 22,16 минута од видеозаписот)

Но, во текстот што е предмет на оваа рецензија воопшто не се споменуваат овие моменти. Фактички, написот се фокусира само на еден фрагмент од разговорите, потоа наменски го употребува за да креира погрешна слика во јавноста оти Цаноски „признава дека спорниот објект „Космос“, нелегално го градел и притоа се „пазари“ со премиерот Груевски да се „измазни“ работата“.

Истиот ден, пак, кога опозицијата ги објави овие прислушувани разговори, Цаноски во интервју изјави:

„Јас тврдев и сè уште тврдам дека немаше никаква грешка во објектот. Тое е политичко рушење. Ме фрапира со какво смеење разговараат за мојата ситуација додека јас ги молев да не го рушат, имав и доста вработени и затоа ги молев.“

Исто така, по објавените аудиоразговори на прес-конференцијата на опозицијата, синот на Цаноски, на својот профил на „Фејсбук“ (парафразирајќи една стара изјава на премиерот за вистината), меѓу другото, напиша:

„Да, вистината е навистина како шило и излезе на виделина и уште еднаш јавно , ќе му заблагодарам на Зоран Заев…“

Меѓутоа, овој напис е скаран со вистината. Впрочем, неговата идеја не е да ги прикаже фактите и објективно да информира, туку да манипулира и да ја извитопери вистината.

Во него е урнат  базичниот принцип во етички исправното новинарство, а кој подразбира дека при пренесувањето на информациите новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни и нема да дозволат искривување на вестите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести