verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пропаганда: Едностраните аргументи не информираат, туку убедуваат!

on 27 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ALFA-TV-crop-resize

 

[Рецензија: Заев сака да го руши системот, Груевски возвраќа со проекти за граѓаните]

 

Ова е класичен пример на политичка пропаганда во еден текст, кој има цел да ја убеди јавноста дека опозицијата сака да ѝ нанесе штета на државата, а со тоа и на општото добро на народот, а владата, олицетворена во ликот на Никола Груевски, е претставена како Бог во кој народот го гледа единствениот спас од лошата опозиција.

ALFA TVЛинкуван наслов на анализираниот напис: Заев сака да го руши системот, Груевски возвраќа со проекти за граѓаните

Датум и време на објавување: 23.03.2015

Датум на рецензирање: 26.03.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Заев фрла со „бомби“ кои се штетни за државата,  ВМРО-ДПМНЕ враќа со позитивни мерки.  Намалувањето на невработеноста, подобрување на стандардот на граѓаните, проекти за подобар живот. Заради ова Груевски и неговиот тим ја добиваат довербата на избори, децидни се експертите.“

Авторот на текстот прави обид за манипулирање со информациите, притоа вметнувајќи ги своите коментари и презентирајќи ги како „факти“. Со ова се олеснува постапката на убедување на публиката, која исчекорува од професионалното информирање.

Имено, од целиот текст јасно се гледа дека станува збор за политичка пропаганда која по дефиниција е „форма на комуникација, која има цел да повлијае на ставот на заедницата по некое прашање, притоа презентирајќи ги аргументите само на едната страна“. Наједноставно кажано, пропагандата не информира, туку убедува!

Така авторот сака да ја убеди јавноста дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев „фрла бомби кои се штетни за државата, а Груевски враќа со позитивни мерки“. Притоа, од „бомбите“ на Заев нема пренесено ниту еден збор, односно не е кажано што содржат тие, а мерките за намалување на невработеноста кои премиерот ги најави од Битола, се набројани целосно и има анализа од експерт кој ги оценува, секако позитивно.

„И се додека Заев и неговата партија се занимаваат со црни сценарија и немаат конкретна понуда за подобар живот на граѓаните, ќе бидат во опозиција, веруваат упатените.“

На крајот, авторот повторно го нагласува својот коментаторски став, без никакви факти и докази, и без никакви изјави од „упатените“.

Политичката пропаганда често е присутна во македонските медиуми, а тоа, секако, не му овозможува на читателот да биде реално информиран, што е и цел на новинарството.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести