verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Сноуден ја откри најголемата тајна на НАСА

on 18 - 09 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-052-NASA-crop-resize

Чист кромид! И тоа бајат! Тоа би била кусата „дијагноза“ на текстот кој е предмет на оваа рецензија. Веста дека  Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската разузнавачка агенција НСА, обелоденил застрашувачка вистина дека нашата планета во текот на месец септември ќе биде изложена на уништувачки силни зраци на Сонцето и дека тоа ќе значи смрт за стотици милиони луѓе на Земјата, ја пренесоа неколку домашни портали, кои се повикуваа на еден ист тотално нерелевантен руски сајт специјализиран за езотерија (вонземјани, магии, пророштва, апокалипси). Но, фактот дека сајтот од каде веста потекнува е сѐ освен сериозен извор на информации, очигледно не ги поколебало оние кои ја пренеоа оваа „кромидна“ вест. Како што е познато, поимот „кромид-вест“ е феномен наречен по првиот сатиричен сајт кој продуцира квази-новинарски вести на светот, theonion.com.

Клучниот збор во информацијата, кој и нѐ одведе до вистинскиот извор на оваа квази-вест е “killshot“. Претрагата на Гугл во која освен тој збор се наоѓа и името Сноуден  исфрла една подолга листа на написи во разни светски медиуми во кои што се наведува дека се работи за невистинито предвидување, за шега (hoax) која потекнува од сајтот Internet Chronicle и е стара повеќе од една година. Еден од најчитаните и глобално најпознатите сајтови за таканаречените теории на завери, INFOWARS на Alex Jones уште тогаш предупреди на оваа шега, прашувајќи се како тоа „луѓето можат да паднат на таква ефтина шега и да не потрошат само 30тина секунди за да го проверат изворот“. А изворот, Internet Chronicle, не остава простор за сомнеж дека се работи за сатиричен сајт и само малку време е потребно за некој да се увери во тоа. Останува и ние уште еднаш да се прашаме – како е можен ваков несериозен пристап кон работата во еден медиум кој претендира да биде земан сериозно? Просто е неверојатно за еден информативен медиум содржините кои се подготвуваат за објавување, да не бидат претходно добро проверени – дали се засновани на вистинити факти и од каде потекнува информацијата.

Рецензија: Сонуден ја откри најголемата тајна на НАСАЛинк до оригиналниот напис: Сонуден ја откри најголемата тајна на НАСА

Датум и време на објавување: 11.09.2014; 14:50

Датум на рецензирање: 15.09.2014

Рецензент: Југослава Дуковска

Фактите се познати: Американската агенција ЦИА наводно веќе 14 години ја крие тајната за сончевите експлозии, кои „наскоро“ ќе се случеле и во кои „стотици милиони луѓе ќе ги изгубеле животите, а потоа ќе настапел крах на „електрониката“ и глад кој ќе уништел сѐ, освен „државите од елитата“ кои ќе преживееле, благодарејќи на објекти и системи создадени за вакви услови уште од времето на Студената војна. Проблемот е во тоа што се работи за – невистинити факти.  Меѓутоа, во случајов не се работи за едноставна, наивна шега, туку за добро елаборирана и смислена измама, бидејќи тогаш кога оригинално била објавена, во јули 2013, научниците очекувале засилена сончева активност, која се појавува во циклуси од по 11 години, што на шегата ѝ дава површен слој на автентичност. Од непознати причини, на македонските портали и други електронски медиуми оваа вест се рашири со брзина на пожар цела година подоцна, што, за жал, не се случува првпат.

Извор на информација е сајтот esoreiter.ru,  кој не е кредибилен извор на информации, што може да се констатира и со само повешна проверка на неговите содржини. Па дури и таков, овој сајт пишува за „пророштвото на Сноуден“ со многу поголема претпазливост одошто тоа може да се насети во пренесените текстови во македонските медиуми, меѓу кои е и написот кој го рецензираме.

Не може со сигурност да се утврди зошто токму сега, со една година задоцнување, оваа кромид-вест осамна во македонските медиуми, кога единствениот наведен извор, рускиот сајт esoreiter.ru  за оваа тема пишуваше во 2013.

Насловот е сосема во склад со темата и нејзината „атрактивност“, го интригира читателот да ја открие „најголемата тајна на НАСА“, прераскажана од глобално познатиот “whistleblower” Едвард Сноуден, но всушност претставува стапица за неподготвените конзументи на информативните содржини, кои му веруваат на медиумот.

Уште еден во, се чини, непрегледната низа случаи на аматерско, некритично, непрофесионално третирање на информација. Разочарувачко е сознанието дека не само медиумот чијашто вест ја рецензираме, туку цела долга листа на поголеми и помали, посериозни и медиуми со забавна содржина, се налепија на една ефтина шега, изворно пласирана од странски медиум, специјализиран за објавување на квази-информации (информативни содржини кои, освен што наликуваат на вистинска вест, немаат ништо заедничко со вистината, иако сосема уверливо ја имитираат), а потоа „препакувана“ од друг странски медиум, чијашто кредибилност пластично ја опишува нејзиното мото: „Факти за неверојатното“. Ова многу лошо зборува за нивото на почитување на основните правила на новинарската професија – провери ја информацијата, имај ги вистинските извори! Во овој случај, се затаило на двата фронта, информацијата е пуштена непроверена, а изворот на кој се потпира е се само не извор на којшто треба да му се верува.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести