verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Во Турција има 6 милиони Македонци!

on 18 - 09 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Ljubomir_Turcija_Makedonci_098-09876090-crop-resize

Македонија е земја во која никако да се изведе попис на населението, практично од нејзиното осамостојување. Имаше контроверзи и околу пописот пред 12 и нешто години и обвинувања дека заврши со политички договор, а оној вториот, од 2011 година не се доврши и се смета за неуспешен. Но, ако не можеме да ги изброиме Македонците во земјава, лесно ги броиме Македонците во другите земји. Одамна – уште од 70-тите години на минатиот век , во „усно предание“ кружи бројката дека не има 5 милиони и тоа во прекуокеанските земји (Австралија, Канада, САД) и таа бројка некако си опстојува во митовите на „каузата“. Сега, овој текст говори за нови пет милиони, кои ги сместува во Турција, со индикативен наднаслов „Колку сме толку сме“.

Ljubomir_Turcija_Makedonci_098-09876090Линк до оригиналниот напис: Во Турција има 6 милиони Македонци!

Датум и време на објавување: 10.09.2014, 16:06

Датум на рецензирање: 16.09.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Во Турција живеат пет до шест милиони Македонци по потекло. Ги има во сите делови од државата, најмногу се населени во егејскиот дел. Иако поголемиот дел од нив се родени во Турција, а нивните предци од Македонија се иселиле пред повеќе од еден век, тие не го забораваат своето потекло. Ги негуваат традициите, обичаите, дури го зборуваат македонскиот јазик и со радост доаѓаат во родниот крај, вели претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Исмаил Бојда. Најмногу македонски семејства има во Маниса, Бурса, Измир, Каршијаки, Бостанли, а околу сто илјади жители со македонско потекло има во Истанбул“ – стои во воведот на текстот потпишан со иницијали, иако е еден од поголемите во бројот.

 

ИМРЕСИОНИСТИЧКА МАТЕМАТИКА

Секако дека бројките секогаш треба да се поткрепат. Ако тие не се водат статистички во земјата – домаќин (а не може да се водат, бидејќи оние кои се доселиле таму морале да се изјаснат дека се автохтони Турци и затоа бараат место во матичната држава!) тогаш како се дошло до таа бројка. Во текстот се вели дека Македонци по потекло има меѓу пет и шест милиони, ама во насловот е извлечена бројката – шест милиони. Која е тоа метода?

Генерално на една сериозна тема ѝ се приста пило сензационалистички. Како „предавач“ по темата е земен Исмаил Бојда, кој во земјава е своевиден аташе на Македонците – Горани, кој внесува една импресионистичка математика, која не смее да биде преовладувачка за сериозен дневен весник. Но, како да биле потребни и такви нафрлувања место докази, па добиме една тема на дуење на бројки. Впрочем, што значат тие пет или шест милиони – Турци по род кои се иселиле, Албанци (познаваме сите и такви), Македонци – муслимани… Веројатно има во сето тоа по малку вистина, ама и односот на весникот, особено преку насловот е двосмислен. Да додадеме дека албанските историчари говорат дека 2 милиони Албанци по род се претставиле како Турци и заминале од Европа!

Оној кој сакал навистина да дојде до поблиски показатели за таа тема секако имал бројни извори. Да посочиме само еден (Иселувањето на „народите со турска култура“ и прашањето на обесштетувањето) од авторот Владан Јовановиќ, кој излезе во Пешчаник, а го најдовме овде, каде се вели, накусо, за читателите кои секако не ја познаваат оваа материја, дека иселувањето на населението кое се сметало дека може да докаже дека е турско по род во Турција е вршено на два пати. Еднаш после Балканските војни и основањето на Кралството на СХС, а втор пат во Титова Југославија. И обете се дел од т.н. политика на деосманлизација на Балканот која ја спроведувале сите режими на балканските држави. За бројката на иселени постојат прецизни податоци, бидејќи Турција била организирана држава и тој процес бил строго канализиран, а луѓето прецизно броени и за нив е барана свовидна материјална отштета, потоа, од земјата на иселување.

Кралството Југославија има со Турција потпишано Конвенција за иселување на „несловенскиот елемент“ (200.000 лица) и постои т.н. џентлменска спогодба меѓу Тито и шефот на турската дипломатија Кеприли од 1953 година и тој требало да ја оживее претходната Конвенција заради „спојување на разделени семејства“. Турција бележи дека кај неа по двата основи се доселени 470.000 лица. Ова е таа бројка со која треба да се операционализира и да се полемизира кога бројките одат на квадрат заради политичките „математики“ од нашите тукашни турски партии, потоа албанските партии и локалните псевдоисторичари.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести