verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СДСМ во неколку наврати го користеше слоганот ДОСТА Е

on 8 - 11 - 2013       

СДСМ во неколку наврати го користеше слоганот ДОСТА Е final-crop-resize

Напомена: Рецензијата е направена по барање на читател. И Вие можете да побарате да се направи рецензија на било која вест преку формуларот на нашиот сајт, кој можете да го пополните овде.

Кој, каде, како и зошто, во изминатите 12 години, ја употребувал формулацијата „Доста е“? – Тоа е „leitmotif “ на ова т.н. новинарско истражување, чија цел е некако, ако може, да ги поврзе сите манифестации и настани од 2001-та наваму и да ги стави под една „опозициска капа“. Заедничкиот содржател треба да биде токму паролата „Доста е“ со што би се потврдила главната теза на производот дека сѐ што содржи „Доста е“ значи е филм правен за потребите на политичките противници. Сижето е поставено, тенденцијата е очигледна, намерата јасна, идејата прецизна, режисерот незнаен, новинарската изведба, во најмала рака, матна.

СДСМ во неколку наврати го користеше слоганот ДОСТА Е finalЛинк до оригиналниот напис: СДСМ во неколку наврати го користеше слоганот ДОСТА Е

Датум и време на објавување:  05.11. 2013  15:34

Датум на рецензирање:  08.11.2013

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Со спортски речник: топката заврши многу над голот! Како може некој, кој не е по нечија волја, или манифестација која не е по „општествено прифатливиот“ урнек, да се стави под заеднички опозициски именител зашто, во последниве 12 години, го употребил терминот „Доста е“, а без тоа да се покрепи со валидни извори или соодветни аргументи? На ова клучно прашање текстот не дава одговор, зашто не се соочуваме со квалитетна анализа, базирана на факти, туку на едноставно налепување на се што е „изгуглано“ под филтерот „Доста е“. Во ред, висока претставничка на опозицијата напишала колумна пред 3 година и ја крстила „Доста е“. Сличен наслов употребил и нејзин сопартиец лани. И што? Дали ако пратеник од мнозинството во парламентот во обраќање употреби „Доста е“ ќе биде санкциониран од матичната партија зашто е близок до т.н. опозициски фондации, здруженија, а можеби и до самата опозиција. Дали ако родител во парк, пред други луѓе, му каже на синот „Доста е со палавата игра“, тој ќе биде предмет на јавна осуда, бидејќи „партиски го индоктринирал“ своето дете?

Извори на информации: Присутни се непрецизирани извори, особено во деловите кога треба да се зададе „главниот удар“, како на пример:

„Тогаш (2002) познавачите на ситуациите говореа дека ваквата коалиција на невладини организации беше формирана со  цел да создаде мнение кај јавноста за смена на власта која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

Во друг дел, пак, има некоректно вадење од контекст кога се цитира постара изјава на поранешниот претседател на ЗНМ во која тој зборува за притисоци врз новинарите, а паралелно се прави обид да и се даде актуелна димензија со тоа што се наведува постојниот ангажман на екс-лидерот на новинарското здружение.

Содржајност: Нема особена содржајност, освен, како што веќе утврдивме, потрошениот труд нешто да се најде на интернет поврзано со употребата на „Доста е“ за „на неродениот Петко капа да му се скрои“. Или едноставно кажано, уште непочнат протест да се окарактеризира за опозициски, затоа што повикот до јавноста некому му е „сомнителен“.

Пристрасност: Ја има во голема количина и е јасно декларирана  – против протестот и неговите организатори. Нема дилема дека во текстот една страна е фаворизирана.

Оригиналност/Плагијат: Тешко е да се утврди дали е оригинален или е плагијат, но силно наликува на „нарачка“ мотвирана од политички побуди, а не на производ мотивиран од професионални причини.

Квалитет на насловот: Несоодветен и тендециозен, намерата е кај читателите да се создаде „утврден“ заклучок уште пред да го прочитаат текстот.

Фотографија: Употребените фотографии се на линија на дополнување на насловот и целта која тој треба да ја предизвика. Немаат особено информативна вредност.

Заклучок: Народната поговорка вели: „Прво скокни, па речи ОП!“ Зошто прво да не се сочека протестот, па потоа да се бележи како „ваков или онаков“? Навистина, впечатокот е дека на јавноста и е „Доста“ од вакви текстови.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

аноними

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

наведува

наведувачки

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

оди на линија на насловот

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести