verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СДСМ се откажува од барањето за техничка Влада и во септември се враќа во Собранието?

on 5 - 08 - 2014       

SDSM-vo-sobranie-crop-resize

Ова е текст кој не се темели на факти и докази. Спорни се повеќе елементи во текстот, кои се целосна невистина или се класичен спин. Притоа, досега има повеќе документирани изјави од раководните луѓе на СДСМ дека нема отстапки од барањето за техничка влада. Тоа до денеска не било демантирано од никого, а најмалку од врвот на опозициската партија.

SDSM vo sobranieЛинк до оригиналниот напис: СДСМ се откажува од барањето за техничка Влада и во септември се враќа во Собранието?

Датум и време на објавување: 30.07.2014, 12:23

Датум на рецензирање: 01.07.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕМА ВИСТИНА

Тезата дека:

...Барањето за техничка Влада станува тежок камен на опозициските плеќи. Медиумите под контрола на СДСМ веќе готват терен за тоа, како социјалдемократите најбезболно да се откажат од ова барање и на есен да се вратат во Собранието.

не се темели на факти. Таа не е поткрепена со ништо. Наспроти тоа, пак, при секоја изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тој категорично тврди дека прв услов за преговори е техничка влада:

Во изјавата на Заев од 19:06.2014 година тој е категоричен дека:

Услов број еден во преговорите со власта на Никола Груевски е формирање техничка влада што ќе спроведе слободни фер и демократски избори, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција, кој покрај тоа бара и одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми, прецизирање на Избирачкиот список и попис на населението.

Во овој текст изворите се проблематични. Тој се потпира на гласини, говори за најави, но никаде нема ништо конкретно, дури нема ниту анонимен извор, кој би спомнал некакво враќање во парламентот.

Во делот преземен од Радио Слободна Европа има неколку контрадикторности.

На пример се вели дека:

Опозициски извори појаснуваат дека отстапките што ги барале од владејачката партија не морале да се именуваат како техничка влада, туку дека за нив било битно да постоеле гаранции оти ќе имало споделена одговорност меѓу власта и опозицијата на наредните избори и да се гарантирало слободно изјаснување на граѓаните, нешто што не било осигурано со досегашните измени на законите. 

Веднаш другата реченица, пак ја побива оваа:

Тие ги негираат гласините дека веќе е извесно оти од септември ќе се врателе во собранието кои се засилија откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека есенва очекувал да се комплетира парламенатрниот состав“ – пишува Радио Слободна Европа.

 

ОД КАДЕ Е СТРАВОТ?

Делот во кој се вели дека: „Стравот во СДСМ е од можноста поголем број пратеници да се вратат во Собранието во моментот кога нивните оставки ќе дојдат на разгледување во Собранието. “ не е поткрепен ниту со еден доказ, факт, аргумент, изјава… Макар таа да била и анонимна, неофицијалнa… Затоа, тука се поставува прашањето од каде доаѓа стравот?

Исто така, реченицата дека „Бојкотот е вистински политички „патент“ на СДСМ. Европската политичка наука не памети партија која повеќе пати го прминеувала во толку краток период.“ не е вистинита. Бојкотот се употребувал и порано и поради тоа не може да биде патент. Инаку, eвропската политичка наука памети бојкот, а најтазе пример е бојкотот на опозицијата во Албанија. Згора на се во Македонија бојкотот прв го измисли ВМРО-ДПМНЕ.

Поради сето ова текстот може да се оквалификува како спин и манипулација. Се извртува вистината или воопшто ја нема. Со ова се нанесува штета на опозициската партија и еден вид притисок врз пратениците од оваа партија.

Насловот само ја надополнува пристрасноста на текстот: СДСМ се откажува од барањето за техничка Влада и во септември се враќа во Собранието? Ваков наслов е недозволив поради тоа што никаде во текстот не е поткрепен со факти и аргуметни, туку е една паушална оценка.

Кога ќе се сумира текстот ќе се заклучи дека е направен невешт обид за манипулација. Никаде и никој не го потврдува напишаното, а дури и СДСМ веднаш испрати соопштение во кое се демантира целиот напис:

Порталот Прес 24, како и други провладини медиуми, со неточни информации и лаги за опозицијата се обидуваат да ги покријат огромните задолжувања на граѓаните и државата и наталожените проблеми со коишто очигледно не може да се справи власта на Никола Груевски.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести