verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Измислени изјави како вовед во застрашувачко сценарио

on 15 - 05 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-097-СДСМ-и-Заев-за-17-мај-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ и Заев за 17 мај подготвуваат украинско сценарио за Македонија]

 

Жанровски, ова што го рецензираме, би требалo да биде вест. Авторот уште во насловот ѝ дава ексклузивност со тоа што категорички тврди дека „лидерот на опозицијата Заев за 17 мај подготвува украинско сценарио за Македонија“. Кога би било точно, не само што е ексклузивна информација, туку е и вознемирувачка и повикува на мобилизација тоа да не се случи.
За среќа, авторот тоа што го тврди со ништо не може да го докаже, а за да манипулира со читателите, се повикува на извори кои тоа не се. Заклучуваме дека се работи за едностран, необјективен и несодржаен текст, во кој се пласирани непроверени информации, поткрепени со сомнителни и со невалидни извори.

FireShot Screen Capture #097 - 'СДСМ и Заев за 17 мај подготвуваат украинско сценарио за Македонија Линк до оригиналниот напис: СДСМ и Заев за 17 мај подготвуваат украинско сценарио за Македонија

Датум и време на објавување: 08.05.2015, 16:56

Датум на рецензирање: 12.05.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ИСКРИВЕНА СЛИКА

Авторот на почетокот се обидува на читателите да им пласира слика за две работи кои не ги поткрепува со факти и со валидни извори. Прво, дека во опозициската партија владее хаос, партиското членство е разединето и се плаши од „сценариото на Заев“, со кое тој себеси се спасува, а второ дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, „исплашен“ од судскиот процес, кој против него треба да почне и подготвува „мрачно сценарио за внатре македонски конфликт“.

„Членови на СДСМ кои не се согласуваат со она што СДСМ и Заев го подготвуваат на 17. мај велат дека во партијата на големо се во тек подготовките за украинско сценарио во Македонија.“

 

ВО СТРАВОТ СЕ ГОЛЕМИ – ОЧИТЕ

Во текстот, кој и по габаритот е вест, авторот на пет места се повикува на „извори“ во обид кај читателот да создаде привид на веродостојност на информацијата. Меѓутоа, од почеток до крај, „изворите“ се сомнителни, иако „потекнуваат“, како што вели авторот, од партијата. Упорно повторување „партиски извори“, „извори од партијата“, „истите извори“, „извори од централата“ не можат да се прифатат као валидни извори на информации, особено што авторот се повикува дека разговарал со „членови на СДСМ кои не се согласуваат со она што нивната партија и лидерот Заев го планираат за 17 мај“. Ако е така, некој веројатно не се плашел и официјално да даде изјава и да ја „спаси Македонија од мрачното украинско сценарио“. Врз основа на некакви измислени изјави од централата на партијата, медиумот ги воведува читателите во застрашувачко сценарио.

„Според извори од СДСМ секоја општинска организација добила наредба да подготви 30-50 радикални лица кои би имал задача да бидат лидери во предизивикувањето на насилства и нереди. Централата на СДСМ, велат истите извори, веќе е во процес на набавка на околу 2.000 маски фантомки кои треба да ги носат демонстрантите, како би се приклиле.“

Ова е еден од сѐ поприсутните спинови во функција што покритички да се опсервира и да се оцрни опозицијата за подготовка на „украинско сценарио“. Да се вознемири јавноста и да се одврати од евентуалното учество на протестот на опозицијата закажан за 17 мај. Стравот, кој на неколку места му се импутира на лидерот на опозицијата, очигледно постои на спротивната страна и текстот е во функција, кога веќе очигледно не може да го спречи протестот на 17 мај, барем со ширење вознемирувачки и невистинити информации, да одврати што повеќе граѓани од тоа да се приклучат на протестот.

Очигледно е дека никој во опозициската партија не е прашан какво е навистина сценариото за 17 мај. Оправдано можеме да се сомневаме во вистинитоста и веродостојноста на сѐ што е напишано во оваа вест. Прекршено е едно од основните правила кои произлегуваат од првиот член на Кодексот на новинарите на Македонија.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести