verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Сакате ли ваков партнер за новогодишната ноќ?

on 12 - 12 - 2014       

12122014-Libertas-Trajce-crop-resize

 

Според местото и улогата не медиумите во општеството, историјата покажала дека токму журнализмот, или преку него, се поместувале границите на слободата. Тоа е во природата на медиумските платформи. Во една таква континуирана динамика на односи меѓу општеството и медиумите, неминовни се меѓусебните влијанија. Она за што отсекогаш и засекогаш се водело грижа е да не се промени природата на професионалните медиуми и изворниот концепт и природата на журнализмот. Без разлика на сè, новинарството не смее да се претвори во огласна табла, место за трговија со човечки страсти и емоции, а најмалку во макро.

12122014-Libertas-TrajceЛинк до оригиналниот напис: Сакате ли ваков партнер за новогодишната ноќ?

Датум и време на објавување: 09.12.2014, 12:00

Датум на рецензирање: 12.12.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Со една таква опасност се соочува медиумот што ја објавил колоритната содржина што ја рецензираме. Како таков се препознава врз основа на оваа „новинарска приказна“.

Членот 11 од Кодексот на новинарите вели:

Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност…

Медиумот што ја објави оваа содржина нема никакви видливи ознаки дека е специјализиран за содржини, кои имаат посебна публика на која ѝ се нaменети. Според тоа, на овие содржини е изложена и публика, малолетна, или онаа со построги општествени критериуми, која нема изграден концепт како да комуницира со визуелни или текстуални содржини со интригантни еротизирани кодови. Или, едноставно, не очекува, од медиум кој нема предупредувања за вакви медиумски пакети, да се соочи со вакво нешто.

Како прво, се работи за класична понуда. Тоа не може да го порекне некој што ќе тврди дека се работи за слободен новинарски израз кој кокетира со границите на дозволеното. Тоа, едноставно, не поминува зашто нема ништо двосмислено во понудата:

„Згодниот штпјанец неодамна се врати од Италија зошто новогодишните празници посакал да ги помине во родниот град. Ристе вели дека не знае точно каде и со кого ќе ја прослави највеселата ноќ па преку Либертас сака да даде јавна понуда за сите оние кои сакаат да го дружат.“

Во што се претвора медиумот, во пано за мали огласи?!?

Во текстот има и отворени комерцијални пораки: името на хотелот, пораката на момчето каде може да го најдат…, а кодексот вели:

Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист.

Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија.

Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето.

Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.

Илустрацијата во овој текст е повеќе од експлицитна. Мислите дека публиката не може да открие што се нуди?

И повторно кодексот и неговиот член 15:

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.

Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Премногу нарушувања на препораките за професионално однесување. Би требало да се размисли, кога веќе претходно не се направиле проверки за одржливоста на една ваква медиумска содржина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести