verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Рускиот хуманитарен конвој влезе во Украина

on 15 - 08 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Рускиот хуманитарен конвој влезе во УкраинаvВечер_crop-resize

Оваа вест е скарана самата со себе. Поточно наднасловот е скаран со насловот, а насловот е скаран со текстот на веста. Едноставно кажано, таа е контрадикторна.

Рускиот хуманитарен конвој влезе во УкраинаvВечерЛинк до оригиналниот напис:  Рускиот хуманитарен конвој влезе во Украина

Датум и време на објавување: 15.08 2014, 07:53

Датум на рецензирање: 15.08.2014

Рецензент: Владимир Петрески

Проблем со веста е насловот. Ај што тој не е точен, туку кажува нешто сосема поинакво од она што го кажува телото на веста. Во моментот на објавување на веста хуманитарниот конвој од Русија воопшто не беше влезен во Украина. Не само што не беше влезен, туку и 4 часа по објавувањето на веста (кога е пишувана оваа рецензија) се чекаше да пристигнат украински инспектори за да го прегледаат товарот,  како што известува дописникот на Њујорк Тајмс, Ендрју Рот, од лице место и како што јави Киев Пост, повикувајќи се на Ројтерс:

Од друга страна, пак, она што се случи и за што точно се известува во телото на веста е дека во Украина влегол конвој на оклопни воени возила на руската армија. Исто така, во телото на веста воопшто не информира дека хуманитарниот конвој не влегол во Украина, иако таа информација беше достапна во времето на објавување (и би била контрадикторна на насловот). Едноставно, за тоа каков е статусот на хуманитарниот конвој во телото на веста нема ништо. Погрешната информација дека тој влегол во Украина ја има само во насловот.

Наднасловот, кој гласи „СТРАВ ОД ИНВАЗИЈА“, пак, уште повеќе ги влошува работите. На прв поглед хуманитарен конвој нема никаква врска со инвазија. Дури и да има, односно, под маската на хуманитарен конвој да се подготвува инвазија, ова вака не може да стои зашто е крајно збунувачки. И на крај, утрово кога е објавена веста на македонскиот интернет има уште речиси 90 други слични вести од најразлични портали кои го тврдат спротивното од овој наслов.

Како што е многу добро познато, насловот е најважниот дел од секоја новинарска вест. Нему секогаш треба да му се обрати најголемо внимание. Наслови не може да се ставаат само со бегло поминување на текстот на кој треба да му се стави наслов. Тој треба да се прочита темелно и тоа од збор до збор за да може и да се смисли соодветен наслов и за да се уловат можните граматички грешки. Наслови, исто така, не се ставаат „по слух“. Точно е дека уште од вчера се знаеше дека овој хуманитарен конвој е тргнат и дека требаше утрово да стигне во Украина. Но, тоа не подразбира дека такво нешто се случило. Работите во меѓународните односи можат да се сменат многу брзо и да се случи нешто сосема спротивно на она што било очекувано. Ова особено важи во војна, каде што прва страда вистината и каде што работите нагло можат да се сменат. Исто така, наслови не се ставаат набрзина. Секој збор мора да се измери двапати. Овој наслов би бил во ред ако наместо „Рускиот хуманитарен конвој влезе во Украина“, тој би гласел „Руски воен конвој влезе во Украина“. Можеби тоа и била намерата. Но, на крај еден погрешен збор ја сменил смислата на целиот наслов и ја уништил веста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

2 извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

погрешен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести