verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Кременадла 100 денари, пиво 70 – цените во рестораните во Дојран „живо џабе“

on 14 - 08 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

22-09876-09800-crop-resize

Некој можеби имал илузии, но ова не е новинарски текст, туку класично рекламирање – факт кој воопшто не е наведен со што јасно е прекршен Кодексот на новинарите на Македонија.

2Линк до оригиналниот напис: Кременадла 100 денари, пиво 70 – цените во рестораните во Дојран „живо џабе“

Датум и време на објавување: 11.08.2014

Датум на рецензирање: 13.08.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

РЕКЛАМАТА НЕ Е ИСТО ШТО И НОВИНАРСКИ ПРОИЗВОД

„Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето. Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата“  – стои во членот 6 од Кодексот на новинарите.

Тоа во овој случај не е испочитувано. Секако, има новинарски мотив и приказна во екот на летната сезона на публиката да ѝ се прикажат цените во локалите и рестораните во едно од посетуваните домашни летувалишта. Внимавајте, зборуваме во множина: „локали“ и „ресторани“, а не само за едно место како што е направено во овој материјал. Од приложеното произлегува дека наместо новинарски имаме пропаганден производ, бидејќи се наведуваат цени од само еден ресторан.

Со таквиот пристап не е обезбедена објективност и соодветна анализа на состојбата, ниту пак е целосно поткрепено тврдењето дека „во Дојран е живо џабе“. Може е ефтино само во тој конкретен локал, а не во целиот град, бидејќи не ни се нудат податоци за кое било друго место. За да се извлече генерална оценка неопходни се информации од повеќе извори, односно угостителски места. Дополнително, со самото пласирање и на името на кафеаната, јасно е дека е добиена реклама. Поточно, преку екстензивната употреба на фотографии нам, како на заинтересирана јавност, буквално ни е доловено целото мени на еден ресторан. Не знам за што жанр станува збор, ама тој сигурно не е новинарски, зашто всушност е чисто ЕПП – глорифицирање на конкретна „меана“. Не навлегуваме во тоа дали е бесплатно или е наплатено.

Излишно е што било дополнително да се кажува, бидејќи „гастрномски пристап“ кон само едно единствено место, зачинето со целокупното мени и сето тоа претставено како општа слика за ценовните услови во Дојран секако не е новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

еден извор за генерализирана слика

официјални

релевантни, нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не е поткрепен

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести