verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Радмила Шеќеринска на Вимблдон

on 30 - 07 - 2013       

Sekjerinska-na-Vimbldon

Класичен пример за тенденциозен медиумски атак врз одредена личност е текстот со наслов „Радмила Шеќеринска на Вимблдон“. Написот е полн со шпекулации, контрадикторности и невистини. Единствената причина за објава на написот е да се оцрни личноста нагласена во насловот на текстот.

recenzija-radmila-sekerinska-na-vimbldonЛинк до оригиналниот напис: Радмила Шеќеринска на Вимблдон

Датум и време на објавување: 16. 07. 2013, 4:43

Датум на рецензирање: 23.07.2013

Рецензент: Тони Димков

Вистинитост: Текстот се темели на неточна информација добиена од анонимен извор. Написот е полн со шпекулации конструирани со цел да се оцрни личноста на заменик-претседател на политичка партија. Имено, иако „на некои од партиските колеги на Шеќеринска им било кажано дека новиот заменик-претседател на партијата во Лондон отпатувала службено, но нашиот извор вели дека ваквите информации биле неточни“, свесно се објавува информација за која и самиот извор кажува дека е неточна. Веќе во следниот пасус на текстот се занемарува неточноста на информациите и се пласира тезата дека „дел од нејзините сопартијци гневни поради луксузот кој си го припушта Шекеринска, коментирале дека таа навикната од минатото не може да престане со луксузнииот начин на живот“, иако во својот демант Шеќеринска негира дека воопшто била во Лондон. Оттаму може да се каже дека целта на текстот не е да трага по вистината, туку на секој можен начин, првенствено со шпекулации, да се девалвира личноста на Шеќеринска.

Кurir_mk_123536-Demant-od-Radmila-Sekerinska

Демант на оргиналниот сајт

Извори на информации: Еден анонимен извор е носител на информација врз која е конструирана целата приказна. Во текстот се објавени и претпоставки и податоци за кои не се посочени изворите. Таков е случајот со цената на влезниците за мечот. Податоците од анкетниот лист за имотната состојба на функционерите, кои лесно може да се проверат на интернет-страницата на Државната комисија за спречување корупција, се употребени со намера да се засили шпекулацијата.

Содржајност: Во текстот со ниту еден збор не е појаснето дали имало обид да се воспостави контакт и да се добие изјава од личноста на која се однесува текстот. Иако на изглед написот делува како содржаен, сепак, со внимателно читање во прв план се појавуваат низа шпекулации наредени една по друга. Така станува очигледно дека текстот е објавен со извртена мотивација, без намера да информира, туку да манипулира со фактите.

Пристрасност: Бидејќи станува збор за личност на висока функција во најголемата опозициона партија лажната информација била прифатена без резерва, со оглед на тоа што таа наводно, била добиена од нејзини сопартијци. Во написот е очигледна политичка пристрасност. Обидот за извртување на вистината е очигледен во воведниот пасус на текстот.

Коментирање: Текстот не содржи коментаторски елементи, туку се обидува да се држи до наводи кои се базираат на неточна информација.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е објавен без наведено авторство, а преземен е од друг медиум. Првобитно текстот беше објавен на друг портал од каде што е тргнат по пристигнувањето на демант. Но, од него се останати траги на други портали кои го реобјавиле истиот текст. Тоа е случај на ова место каде што ниту текстот е тргнат, ниту пак демантот е објавен.

Квалитет на насловот: Иако целта на насловот била да информира, со објавувањето на демантот станува јасно дека, всушност, тој дезинформира. Соодветен ќе беше доколку информацијата беше точна. Тенденцијата да се нагласи одредена постапка на личност од политичкиот живот е очигледна. Користењето на името на еден од најпознатите тениски турнири во светот упатува на обид за сензационалност во насловот.

Фотографија: Написот е илустриран со две посебни фотографии кои не се соодветни за информацијата што е објавена. На фотографиите се гледаат настанот и личноста за која станува збор, но најверојатно се преземени од нечија архива без да се наведе нивното авторство.

Говор на омраза: Целта на написот е да се дискредитира личност од опозициска политичка партија со нагласување на нејзиното, наводно, раскошно однесување во животот и имотната состојба на семејството. Очигледна е намерата личноста да се дискриминира на политичка основа.

Заклучок: Во демантот, објавен на порталот на кој првично се појави овој напис, јасно се нагласува дека станува збор за тенденциозни конструкции и манипулации со намера да се оцрни и наклевети личноста на Радмила Шеќеринска, заменик претседател на СДСМ.

Покрај извинувањето упатено до Шеќеринска, редакцијата презема и обврска да го повлече објавениот текст, што и е сторено.

Истата постапка би требало да ја повторат и сите други портали кои го реобјавија написот, но овде тоа не е случај и читател кој написот ќе го види само на ова место и кој не знае дека оваа вест е демантирана, ќе добие впечаток дека станува збор за вистинити наводи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има

аноними

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

воопшто не ја прикажува

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема

:

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести