verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Политичкиот дијалог е можен во секој момент, се чека на СДСМ

on 29 - 07 - 2014       

 

26-09876-098-crop-resize

Станува збор за крајно измешан производ. Обидот бил да се искомбинираат два настана во еден текст, но тоа е направено дилетантски, со елементарни грешки во конструирањето на содржината, со исклучително лошо поврзување на одредени сегменти од написот, а притоа пласирани се информации кои во суштина не се вистинити.

2Линк до оригиналниот напис: Политичкиот дијалог е можен во секој момент, се чека на СДСМ

Датум и време на објавување: 25.07.2014

Датум на рецензирање: 26.07.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

КАДЕ Е ВИСТИНТОСТА? – ЈА НЕМА!

Вистинитоста е една од, ако не и, најслабата карика на овој текст. Не може да се тврди дека на „11-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација била донесена препорака за земјава да почне преговори за членство во ЕУ“, бидејќи тоа не е точно. Ако се прочитаат заклучоците од средбата на ова тело, кои се јавно достапни, тогаш ќе се види дека Советот не препорачал старт на преговори туку го кажал следново:

„Советот за стабилизација и асоцијација ја нотираше примарната цел на земјата да почне пристапни преговори, притоа потврдувајќи ја својата силна заложба за оваа причина, земајќи ја предвид препораката на Европската комисија. Советот за стабилизација и асоцијација исто така ги нотираше и заклучоците на Европскиот совет од 17-ти декември 2013“.

Понатаму во написот се вели дека „освен што беше донесена нова препорака за земјата да ги започне преговорите за членство во Унијата, се одлучи и да започне втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација“. Ова е нова дезинформација, бидејќи на крајот од соопштението пишува:

„Советот за стабилизација и асоцијација се потсетува на препораката на Европската комисија од октомври 2009 за премин во втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација. Беше потврдено дека одлуката за оваа препорака останува на Советот“.

Има разлика, нели?

И затоа ако некој праша каде е вистинтоста, едноставно може да се одговори дека ја нема.

 

ОТСУСТВО НА НОВИНАРСТВО

Дополнително, како некаква новина е пласирано дека „Спогодбата за стабилизација и асоцијација останува суштина на односите меѓу ЕУ и Република Македонија до пристапување на земјата кон Унијата“. Тоа само покажува за неопитен новинарски пристап бидејќи ваквиот параграф е вообичаена практика и се повторува во заклучоците од состаноците на Советот во изминатите години. Со него, би рекле процедурално, се нотира значењето на Спогодбата која е потпишана во далечната 2001 како основа за регулирање на односите меѓу европските заедници и нејзините земји – членки од една и Македонија од друга страна.

Изјавата на премиерот е „падната од небо“ и таа штрчи како „слон во продавница за порцелан“. Од нигде никаде доаѓа делот за тоа што кажал Груевски за политичкиот дијалог со СДСМ и секако само неговата страна од приказната без да се направи корелација со тоа што Брисел вели за разговорите меѓу власта и опозицијата и обидите за нормализирање на политичката ситуација во државата. Тоа ми дава простор да кажам дека проблемот не е во изворите на информации, кои ги има и на неколку места се наведени во форма на цитати, туку во незнаењето или несакањето тие добро да се искористат и да се формулира кредибилен новинарски продукт кој би ја информирал, а не би ја “замајувал“ јавноста. Ако утврдивме дека вистинитоста е компромитирана, зошто воопшто и би зборувале за некаква си содржајност на текстот.

Од друга страна неизбежна е атмосферата на пристрасен приод што е потврдено со пренесувањето само на ставот на едната страна во дијалогот меѓу власта и опозицијата, секако оној на власта.

Тој впечаток само се засилува со насловната конструкција која апсолутно е недозволива. Кој вели дека „Политичкиот дијалог е можен во секој момент, се чека на СДСМ“ – Брисел, Груевски, ВМРО-ДПМНЕ?! Бидејќи тоа е изјава на премиерот, требало тоа јасно да се наведе. Забуната е уште поголема кога ќе се види наднасловот, бидејќи тој нема каква било врска со самиот наслов, кој, пак, содржи јасна „обвинувачка“ нитка за сметка на опозицијата.

Кога сѐ ќе се земе предвид произлегува дека имаме непотпишан „каша-попара“ текст, во кој бил направен обид за поврзување на, најверојатно, неколку агенциски вести. Но, тоа е направено непрецизно и непрофесионално што прашање дали крајниот производ може да се нарече новинарски напис.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно „мешавина“ од неколку агенциски вести

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести