verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ПЕП 21: Антонио Милошоски јунак македонски нема да дозволи да се случи народ?!

on 24 - 02 - 2014       

junakma-crop-resize

Медиумот пренесува интегрално соопштение од политичка партија. Текстот е сосема во ред, уредно е атрибуиран и цитиран и може да се добие впечаток дека медиумот се оградува од него. Меѓутоа, она што се забележува дека „штрчи“ и не кореспондира со текстот е насловот. Имено, истото соопштение од ПЕП 21 е испратено до сите медиуми. Медиумот кој го објавува соопштението го пренесува и насловот кој, исто така, е испратен во склоп со соопштението.

junakmaЛинк до оригиналниот напис: ПЕП 21: Антонио Милошоски јунак македонски нема да дозволи да се случи народ?!

Датум и време на објавување: 20.02.2014, 13:34

Датум на рецензирање: 21.02.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Интегралното соопштение како реакција на изјава е легитимно и медиумот постапил коректно и професионално што го објавил, поради диверзитетот во пренесувањето ставови и застапеноста на повеќе политички субјекти кои не секогаш имаат пристап до сите медиуми. Оттука, вистинитоста на соопштението од политичка партија може да се разгледува, но евентуалната вистинитост или невистинитост би одела на контото на партијата, а не на медиумот.

Извори на информации: Уредно е атрибуирано дека станува збор за мислење на политичка партија, преку насловот и на повеќе места во текстот.

Оригиналност/Плагијат: Станува збор за вербатим пренесено соопштение од политичката партија ПЕП 21, што е и наведено во самиот текст.

Квалитет на насловот: Овде ќе се осврнеме на потребата од уредничка интервенција во делови од соопштенијата за медиуми, каде тоа е не само дозволено, туку и посакувано, за соопштението да биде претставено на порелевантен и повистинит начин. Политичките партии понекогаш може да „протнат“ делови во своите соопштенија, конкретно во случајов, насловот, кои не се споменати во текстот од соопштението. Овде станува збор за пренесување на насловот онака како што политичката партија го склопила во своето соопштение. Насловот е посилен отколку текстот. Насловот е привлечен, атрактивен и лесно го наведува читателот да го прочита текстот, но интересно е дека епитетот „јунак македонски“ е ставен без никаква функција освен наведената – да го направи насловот поатрактивен. Оттука, медиумот со уредничка интервенција може да го уреди и адаптира доколку смета дека за тоа има потреба.

Заклучок: Уредничките интервенции се дозволени и посакувани во оние делови од соопштенијата на политичките партии каде, едноставно, насловот не кореспондира со текстот. „Боде во очи“ епитетот „јунак македонски“ кој е ставен сосема без потреба во функција на политичките препукувања, но медиумот немало да загуби ништо ако бил поставен поинаков наслов, кој би покажал основно почитување кон спомнатиот пратеник.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некоректен

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести