verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Откриен гробот на Александар Македонски?!

on 6 - 05 - 2014       

Aleksandar-Makedonski-srkinshot-final-crop-resize

Првото прашање што се поставува е: зошто ваков текст? Дали има некоја смисла и поврзаност на текстот со времето, просторот, политиката и се она што деновиве се случува во Македонија. И најверојатно, има од сѐ по малку, затоа што социјалните мрежи се преплавија со коментари за овој текст, па затоа и беше потребата да се рецензира едно вакво писание. Мора да се напомене дека вакви текстови, за пронајден гроб на Александар Македонски, имало постојано како што имало и тврдења („научни“) за „точната“ локација на неговот вечно почивалиште. Но, новинарската работа не е само да се преземе текстот од некој блог (како што, всушност, и е сторено овде), туку и убаво да се осмисли дали има потреба од ваква информација.

Aleksandar-Makedonski-srkinshot-finalЛинк до оригиналниот напис: Откриен гробот на Александар Македонски?!

Датум и време на објавување: 01.05.2014, 19:58

Датум на рецензирање: 02.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ТЕКСТ ВО ПРИЛОГ НА ПОЛИТИКАТА

За тоа што точно „откриле“ археолозите ние не може да судиме. Тоа е веќе научна полемика и само науката ќе докаже дали е вистина или не. Ние рецензираме два моменти. Дали текстот е правилно преземен или преведен од странскиот блог и дали има извртување на вистината и спинување во корист на актуелната политичка состојба во државава.

А, за да почнеме да го откриваме слабостите ќе ви пренесеме што блогот вели за себе, за што служи, кои луѓе работат и слично:

Ние сме американски еврејски ционистичкиот весник со седиште во Тел Авив и сме посветени на покривање на библиската археологија како и вести и други мистерии околу земјината топка.

Тимот е составен од муслимански и еврејски новинари, пензионирани агенти од Мосад и ветерани на израелските армиски сили.

Изворот на информација е линкуван, а кога ќе се отвори блогот веднаш се забележува дали можеме или не да му веруваме на текстот. Инаку текстот, а според коментарите под блогот, е во неколку моменти спорен.

 

РЕАКЦИИ ВО СВЕТОТ ПО ТЕКСТОТ

Текстот е нецелосен, земени се само делови кои се ударни и за кои можеме, ако сакаме, да тврдиме дека веста е точна и дека навистина е пронајден гробот на Александар Македонски. Но, сепак, има и неколку моменти кои заслужуваат анализа.

Имено, во текстот се тврди дека просторот и саркофагот се со антички моменти.

Ова тврдење предизвика рекации и предизвика коментари во следнава смисла:

Но со оглед на временската рамка на владеење на Александар , а потоа и периодот на неговото обожување тој не би требало да изгледа „антички“. Тој треба да изгледа „хеленистички“ во класична птоломејската смисла, а тоа значи дека треба да биде со мешавина на космополитски и ориентални елементи.

Во текстот нема коментирање, само има нецелосно преведени пасуси или делови кои се извадени од контекст. Во најмала рака требало да се наведе дека текстот предизвика контроверзни реакции низ светот и да се нотираат. Но…

Инаку, не се работи за оргинален текст, туку преземен и лошо преведен, од блог кој не е релевантен во археолошките кругови, туку задира во други сфери, кои се надвор од новинарските.

 

ПРОБЛЕМ И СО ФОТОГРАФИЈАТА

Насловот е ударен, сензационален, со кој се сака да се предизвика внимание, иако насловот на текстот од каде што е преземен е покоректен и не е така ударнички.

Фотографијата е преземена од оргиналниот текст, но и за нејзината вистинитост има многу коментари. Еве еден:

Фотографијата всушност нема никаква врска со статијата. Тоа е различен сет на катакомби во Александрија кои датираат од вториот век од нашата ера. И на декорација се споени египетските, птоломејските и римските мотиви заедно.

Текстот како ваков дури може и да помине. Но, спорно е времето, мотивот и блогот од каде што е преземен. Се чини дека странскиот „медиум“ од каде што е преземен е доста спорен според текстовите кои што ги објавува, па затоа треба да се внимава од каде и како се презема некоја сторија. Сепак, ако и се одлучило да се преземе информацијата, таа би требало да биде сместена во некој рубрука од типот на Трето око, или Верувале или не.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести