Рецензија: Какво млеко пиеме – Знаете ли што значат бројките на пакувањата?!
Објавено во Рецензии
on 6 - 05 - 2014 Автор: Зоран БојаровскиНовинарите не се експерти и познавачи. Тие се само собирачи на информации вредни да бидат вест кои за да бидат уверливи мора да бидат поткрепени со извори и коменатри, или мислења, на личности кои се стручни, кои се познавачи, а понекогаш и авторитети чие мислење се цени….
Ова за поткрепата на информациите што ги пласираат медиумите е особено важно кога се работи за теми кои се од посебен јавен интерес за публиката како што се здравјето, здравата храна и здравата околина, безбедноста…
Оттаму, сосема несоодветно е за тема каква што обработува информацијата што ја рецензираме – квалитетот на млекото – да нема ниту едно стручно лице кое ќе ги потврди, порекне, односно, ќе го објасни тоа што го тврди авторот на овој текст и да ја оправда мотивацијата на медиумот што решил да објави една ваква информација која предизвикува загриженост.
Сѐ што има како навестувања за некакви извори се конструкциите „се тврди…“ (Кој тврди?), „сите признаваат…“ (Кој се тоа „сите“? Нема одговор на тоа прашање.)
Линк до оригиналниот напис: Какво млеко пиеме – Знаете ли што значат бројките на пакувањата?!
Датум и време на објавување: 30.04.2014, 13:08
Датум на рецензирање: 02.05.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
И навистина, како да знаеме дека оваа медиумска информација, дека трајните млека во тетрапак пакувања се пастеризираат по неколку пати и дека бројките на сосема непрегледно место на пакувањето го објаснуваат тоа?
Како можеме да му веруваме на овој текст, кој, освен што не е потпишан, со ништо не оддава дека зад него има некаква експертиза или познавање од оваа област. Нема ниту најмало навестување, индикација, дека зад овој текст со сериозни предупредувања, стои стручен авторитет.
Тоа, во вакви случаи, е едноставно – недозволиво.
Уште поголема забуна и загриженост создава квазисодржајноста на ваквите новинарски творби. Има премногу зборови, „објаснувања“ и бројки кои, вака како што се кажани, ништо не потврдуваат ниту демантираат. Само создаваат конфузија и можност за сосема погрешни заклучоци.
Дали текстот е преземен или не, тоа не претстаува амнестија за ова неодговорно однесување.
Уште повеќе, ако е веќе преземен, текстот не е таков за да не може да се проверат сите вознемирувачки наводи што тој ги донесува. Има институции, има експерти, кои веднаш можат да ги објаснат податоците за кои во текстот се тврди дека имаат некое значење.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не се знае
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
нејасен
некреативен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
не може да се утврди
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови