verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: „Новото лице“ на опозициската бесмисленост

on 23 - 04 - 2014       

PENDAROVSKI-0987009988-098-crop-resize

Ова е еден текст за чудење, кој, всушност, е солење памет. Ете ако сакаме во една реченица така би го оквалификувале ваквиот новинарски пристап. Текст кој не е ставен во рубрика анализа, туку во ударните вести во рубриката Македонија.

PENDAROVSKIЛинк до оригиналниот напис: „Новото лице“ на опозициската бесмисленост

Датум и време на објавување: 19.04.2014, 10:06

Датум на рецензирање: 22.04.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КАША ОД ТЕКСТ

Во оваа каша од текст не може да стане збор за вистина. Нема податоци, нема факти, нема докази, само нафрлени тези и омаловажување. Затоа и не се трудиме да бараме дали е нешто вистина затоа што нема да знаеме од каде да почнеме. Ако ова може да се смета за издржан пасус, тогаш не знам како изгледа навистина текст со факти и проверени информации:

Откако не ја искористи шансата, а себеси се претстави под очекуваното ниво, се обиде да се врати во игра со „низок удар“ кон противникот правдајќи се дека немал ќеф да се соочува со Иванов, па сега сакал да се „пресмета“ директно со премиерот Груевски. Овој потег уште еднаш ја исфрли на површина неговата ароганција, која, како негативна човечка особина, не му оди во прилог во намерата да ги добие симпатиите на граѓаните. Од таа неразбирливо нелогична изјава на „човек што зборува разумно“, како Пендаровски, се наметнуваат повеќе прашања. Ако кандидатот на СДСМ нема ќеф да се пресметува со човекот што му е најголем конкурент за функцијата претседател, тогаш зошто воопшто се појави на дуел кој, во суштина, треба да претставува дискусија во која учесниците ќе ги спротивстават ставовите за одредени прашања? Ако навистина нема што да му каже, тогаш која би била поентата на уште едно или на повеќе такви јавни соочувања, како што бараат опозициските мегафони?

Има некои извори на информација од биографијата на посочениот лик, но тие се извадени од контекст.

 

НАВИВАЧКИ ТЕКСТ ОД ПОЧЕТОК ДО КРАЈ

Текстот, иако е долг, тоа не значи дека е и издржан. Или, пак, дека има материјал во него. Нема ништо. Само претурање од шупливо во празно за на крајот да се разбере што сакал авторот да постигне со текстот.

Колку погрешни потези направи Пендаровски во првиот круг од претседателската трка и колку беше оправдана неговата тактика ќе видиме на 13 април. Резултатите ќе бидат јасен показател дали народот го прифаќа или го осудува неговиот однос кон гласачите. Граѓаните, а не партиските раководства, и овој пат ќе го имаат последниот збор затоа што тие ја имаат моќта да даваат и да земаат власт. Тие наградуваат, но и тие казнуваат.

Пристрасноста е присутна од почетокот до крајот. Нема пасус, а да не се гледа навивањето.

Целиот текст е коментаторски без да се издвојат коментаторските целини. Се е интегрирано во текстот, па не се знае каде почнува, а каде завршува коментирањето.

Ова е оргинално дело, иако нема никој потпишан под текстот, ниту автор, ниту редакција.

Насловот сака да се шегува со ликот кој се обработува во текстот и затоа е некоректен и понижувачки. На ваков наслов не му е место на новинарски текст. Можеби за Фејсбук статус, но треба да се знае дека новинарстовото и Фејсбук немаат ништо заедничко.

Ова е текст за кој однапред се знае за што служи. Иако во ова предизборие излегоа еден тон вакви памфлети, искрено се надевам дека по завршувањето на изборниот циклус повеќе нема да мораме да рецензираме вакви текстови.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести