verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Непризнавањето на изборните резултати значи талибанизација на државата

on 23 - 04 - 2014       

04222014-NM-Mirka-01-crop-resize

Следува рецензија на еден новинарски текст без видлива ознака дали се работи за мислење, коментар. Тоа е елементарното правило во опремувањето на новинарските текстови за да се издвои она е што е авторско мислење од анализа, која, колку и да е искусен новинарот, мора да се потпира на извори, изјави, референци… Тоа ја прави разликата меѓу мислењето и анализата.

Текстот се повикува на наводно изречени или напишани мислења на новинари или аналитичари кои новинарката им ги припишува на партиски членови на СДСМ или на медиумски претставиници, но нема ниту една поткрепа со цитат или укажување кој, кога и каде најавил непризнавање или бојкот на изборните резултати.

За волја на вистината, лидерот на најголемата опозициска партија во интервју за еден медиум најави бојкот на исходот на од изборите на 27 април, но тоа интервју е објавено после текстот што го рецензираме. Освен тоа што досега не е утврдено дека новинарите имаат моќ да претскажуваат, во споменатото интервју е најавен бојкотот како политичко средство заради неправилности во изборниот процес на кои во првиот круг укажаа и дел од официјалните набљудувачи, ОБСЕ/ОДИХР пред сѐ.

04222014-NM-Mirka-01Линк до оригиналниот напис: Непризнавањето на изборните резултати значи талибанизација на државата

Датум и време на објавување: 19.4.2014

Датум на рецензирање: 22.04.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Дури и да ја наречеме оваа медиумска содржина анализа, изобилство непристојни коментари, јазик полн со омраза и отворената пристрасност го девалвираат новинарскиот систем на стандарди и го прават овој текст лично мислење кое така треба да биде означено за да не создава забуна кај оние што го читаат.

Пристрасноста кон една страна и отворената нетрпливост кон другата страна во оваа анализа, во која се елаборира лично мислење за разликите меѓу две политички опции, добива димензии на закани и тоа е ептен бизарно. Еве, проценете сами:

„…државата мора да ги стави надвор од закон како што се ставаат криминалци и терористички организации.”

Кодексот на новинарите (член 14) предупредува дека овој начин на комуникација не е доличен:

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“

Уште повеќе, новинарскиот јазик на овој текст тешко дека може да се поврзе со професионална медиумска содржина која се раководи од елементарните етички стандарди:

„…бараме ефикасна законска заштита од индивидуи и организации што изведуваат вербален терор, практикуваат партиски расизам, бараат странска воена интервенција, заговараат крвав распад на државата… ”, „…шака партиски терористи…“

Новинарот може да има свое, лично мислење. Медиумот, доколку тоа е во согласност со уредувачката политика, може да го објави тоа лично мислење, но јасно обележано како такво. Секако, медиумот мора да инсистира на почитување на медиумска култура во комуникацијата со јавноста, како што препорачува членот 15 од Кодексот на новинарите:

„Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.“

И на крајот уште за потребата во оваа анализа сите други, поинакумислечки колеги да се квалификуваат како „интелектуално-експертско-медиумски ’алфи’“: и на ова предупредил Кодексот. Во членот 16:

„Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.“

Фотографијата придружена со текстот кој е таков каков што е, станува составен дел од коментаторскиот пристап на авторот и сака да сугерира „што ќе биде доколку биде“ тоа што го навестува авторот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести