verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пеколен текст за „пеколниот план на Заев за 17 мај“

on 18 - 05 - 2015       

protesti-tenzii-crop-resize

 

[Рецензија: Нови моменти од пеколниот план на Заев за 17-ти мај]

 

Кога целиот текст е напишан на база на шпекулации, веднаш знаете дека нешто не штима. Башка, овој текст се појави на сите провладини медиуми речиси истовремено, што само дополнително го зголемува сомнежот дека е нарачан партиски памфлет. За да не се есапи како сериозен новинарски производ, има повеќе елементи, од објективност, до содржајност, во минус е со вистинитоста, а во плус со пристрасноста.

protesti tenziiЛинк до оригиналниот напис: Нови моменти од пеколниот план на Заев за 17-ти мај

Време на објавување: 12.05. 2015, 13:12

Датум на рецензирање: 15.05.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕМА ВТОРА СТРАНА

Овој текст има цел да оформи една слика која не е вистинита. Притоа, низ целиот напис провејува „дознаваме од извори блиски на СДСМ“, а нема конкретни попрецизни показатели кој е тој извор. Дали е активист, симпатизер, член на одборите на партијата, луѓе од раководството… Покрај тоа, текстот не е ниту потпишан што остава можност за поголем сомнеж.

На крајот на краиштата, во текстот не е побарана изјава од страната која буквално „се тепа“ во текстот. Зошто тогаш покрај сите овие недостатоци читателот да мора да му поверува?

„Членови на СДСМ кои не се согласуваат со она што СДСМ и Заев го подготвуваат на 17. мај велат дека во партијата на големо се во тек подготовките за украинско сценарио во Македонија. Извори од партијата велат дека постои добро смислен план за дејствување, масовни немири, тепачки, закрвување. Според извори од СДСМ секоја општинска организација добила наредба да подготви 30-50 радикални лица кои би имал задача да бидат лидери во предизивикувањето на насилства и нереди. Веќе од некои од организациите пристигнале до партијата такви списоци на кои доминираат лица со криминално досие, познати насилници, како и лица на кои пукањето, тепањето и обидите за убиство не им се непознати.“

Овој пасус е целосно недоверлив. Нема ниту еден момент зошто би му се поверувало. Нема пишан доказ дека има наредба за подготовка на радикални лица ниту, пак, фотографија од списоците на лица со криминално досие. Башка, ако има такво нешто, што тогаш работи полицијата? Нели тоа е кривично дело и треба веднаш да го превенира? Ако МВР знае за подготовка на немири на протестите, тоа треба да го спречи. Има и методи и начини. Сепак, оваа дилема не се разработува во текстот.

„Централата на СДСМ, велат истите извори, веќе е во процес на набавка на околу 2.000 маски фантомки кои треба да ги носат демонстрантите, како би се приклиле и би го отежнале процесот на препознавање по евентуална реализација на планираните сценарија на СДСМ. Планот опфаќа и радикалните групи на денот на протестот за да одвојат од толпата и по однапред дадени задачи да продолжат на разни локации низ градот со насилство, кршење на излози, локали.“

И овој пасус има проблем со вистинитоста. Никаде нема наведено од каде се набавени „фантомките“? Од продавница? Од странство? Ако се од странство, како се внесени во земјава? Некој да набави 2.000 фантомки, најверојатно и би се видело некаде. Не се пет или десет. Ако се од странство, морало да поминат преку граница. Сето тоа отвара сомнеж за невистинитост.

 

НЕВИСТИНА ВО НИЗА

„Дополнително партијата дала инструкции до сите членови, членството да земе подолг одмор од работните места, за да по точно утврден план дежура на пунктовите и шаторите во кои би останале по протестот на 17-ти месецов, како и по точно утврдени насоки да продолжат со насилствата.“

Овој текст е уште еден од низата написи кои сакаа да влеат страв од протестите во неделата. Притоа, нема ниту малку новинарство во нив. Можеле, на пример, да се јават во опозицската партија и да ги прашаат за овие дилеми. Тоа не е сторено. Затоа и текстот е необјективен. Иако на прв поглед изгледа дека е содржаен, тоа е само привидно. Секој пасус, всушност, е повторување на претходниот, засилен со нови зборови за насилство, терор, украинско сценарио… Поради тоа, овој текст не може да се каже дека е вистинит, туку во голема мера ја преминува границата на новинарски производ и личи на говор на некој политичар.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести