verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Муслимани ќе протестираат поради звучниците на џамиите

on 26 - 09 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Започнуваат протести поради звучниците на џамиите 001

Текстот e објавен најпрвин на сајт како реклама за она што може да се прочита во истоимениот неделник во печатена форма. Авторот се обидува од повиците преку разгласот за молитва во џамиите да направи проблем таму каде што го нема, што може негативно да влијае на меѓурелигиските односи. Повеќе е во фунцкија да мобилизира („Ќе има протести“, „Ќе се организираат протести“) отколку што информира. Има вознемирувачки елементи кои се базираат на разговор со претседател на НВО „Илоја“ за која не се даваат никакви податоци во врска со тоа која е нејзината целна група и со што конкретно се занимава.

Започнуваат протести поради звучниците на џамиитеЛинк до оригиналниот напис: Започнуваат протеси поради звучниците на џамиите

Датум и време на објавување: 20. 09. 2013

Датум на рецензирање: 24. 09. 2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Написот не ја дава реалната и вистинската слика за проблемот, при што авторот прави проблем со свои констатации и конструкции. Ја прикрива вистината дека муезинот (верски службеник кој повикува на молитва во исламската религија) лично повикува на молитва, а не преку ЦД, притоа користејки микрофон и засилувач, а „не спие дома за тоа време“ како што сака авторот да прикаже.

Се повикува на делови од Куранот, кои не постојат (…„во Куранот ниту во која било друга исламска книга не пишува дека оџата треба во четири часот наутро да спие“…).

Во написот нема автентично толкување на повикот на муезинот, како ни најважниот податок дека тој повик никогаш не трае повеке од 2-3 минути, а вечерниот уште пократко, така што авторот свесно го предимензионира проблемот.

1257-5Изнесува неточен и произволен податок дека силината на звукот од повикот за молитвата е повеќе од 200 децибели (подолу самиот автор констатира дека никој не ја мерел силината на звукот).

Се повикува на анонимни соговорници кои не живеат во делови на градот каде што може да постои реален проблем (Бит Пазар, Чаир, Гази Баба, Бутел. Тафталиџе два, Нерези, каде што е значајна концентрацијата на исламските верски објекти). Написот повикува/упатува на протести, а нема информација ни кога, ни каде, ни во колку часот ќе се одржат.

Изјвата на претседателот на НВО не е рефернтна и нема допирни точки со проблемот, целната група и дејноста на невладината организација. „Илоја“ е организација за хуманитарна помош за ромско население во населбата Тодор Чангов во село Лисиче, каде воопшто не постои ваков проблем – нема џамии. Другите соговорници, пак, се анонимни.

Авторот се занимава со неуко толкување на Куранот, ги меша надлежностите, вмешува полиција без повикување на изворот, дава свои нејасни толкувања на законски прописи и се обидува да едуцира како да се измери звукот.

1257-2Извори на информации: Главниот извор на информациите е соговорникот од НВО „Илоја“, анонимна и маргинална хуманитарна организација за помош на хендикепирани лица од ромска националност. („Илоја“ е регистрирана со седиште во населбата „Тодор Чангов“ на истоимената улица број 35. Оваа населба е силна логистика на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Хуманитарната организација е активна воглавно во предизборните активности кога дели „хуманитарна помош“ на локалните Роми).

Вториот извор е порптаролот на ИВЗ кој практично ги демантира тезите на новинарот и дава дијаметрално спротивна изјава од тврдењето на авторот дека муезинот повикот за молитва го пушта од ЦД (… „Според исламските прописи муезинот треба да повикува за молитва и тоа го прави природно, значи со својот глас“…).

Содржајност: Текстот е хаотичен, конфузен, се префрла од една тема на друга, од џамиите на православни камбани и на католичката црква, на методологија на мерење јачина на звук, на современите мобилни телефони, темата е само површно начната и професионално недоработена. Таа создава конфузија и збунетост кај читателот, изобилува со загрижувачки и вознемирувачки тези кои можат да предизвикаат сериозни меѓуконфесионални тензии, мобилизира на протести, подгрева верска омраза.

1257-3Пристрасност: Написот стигматизира и сатанизира една конфесија, внесува елементи на омраза (…„оџите сакаат да ги натераат немуслиманите да се иселат“…).

Коментирање: Авторот не навлегол подлабоко во суштина на темата, а ја коментира. Не ја познава содржината на Куранот, а со иронија се обидува да ја коментира (…„Ниту во Куранот, ниту во која било друга исламска книга не пишуа дека оџата во четири часот наутро треба слатко да спие“…).

Квалитет на насловот: Мобилизаторски, вознемирувачки, несоодветен за проблемот кој се обработува.

Фотографија: Несодржинска, безживотна, стигматизирачка.

Говор на омраза: Има елементи: (…„Немуслиманското население во светот звучниците ги нарекува „звучно чистење“, метод со кој оџите сакаат да ги натераат немуслиманите да се иселат“…).

Заклучок: Целиот текст претставува кодирана комуникација која треба да ја препознаат само истомислениците на тезата која ја пласира авторот на крајот (етничко чистење, муслиманите да ги натераат немуслиманите да се иселат), пласира наводна загрозеност на немуслиманското население од муслиманите и внесува вознемиреност со наводните методи со кои оџите сакаат да ги натераат немуслиманите да се исeлат. Оваа теза внесува вознемиреност кај читателите, неспокој и страв од иднината. Има сериозни елементи на политичка манипулација и етно–конфесионална хомогенизација, скриена под некаква си завеса на наводна заштита на сопствениот колективитет.

Во светот и во времето во кое живееме религијата многу често се злоупотребува во политички (па и војно хушкачки) цели, наместо да ги зближува луѓето. Медиумите при отворање на вакви теми (кои сѐ уште се табу кај нас) треба да бидат внимателни да не ги повредат чувствата на луѓето во мултиконфесионалната средина каква што е Македонија. Ваквите пораки, констатaции, сопствените невешти толкувања на религиозните правила и норми, иако изгледаат бенигно, можат да бидат мултипликатори на сериозни проблеми. Медиумите и новинарот мораат да бидат свесни за одговорноста која ја имаат во хетерогено општество. Тие не смеат да бидат трансмитери на изјави што внесуваат елементи на верска нетолеранција и се движат во рамките на негативните стереотипи. Искуството од некои негативни случувања (палење џамии, демолирање дуќани…) во не така далечни минати времиња ја зголемуваат одговорноста и на верските заедници и на медиумите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, аноними

релевантни, нерелевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

делумно

не потикнува на насилство

делумно

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести