verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Македонците се трет најглупав народ во светот-интернет анкета на американски психолози

on 15 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Македонците се трет најглупав народ во светот-crop-resize

Пред нас имаме сензационалистичка вест која не потекнува од македонската медиумска кујна, но медиумот ја прави поблиска на македонскиот амбиент, зашто ја доближува и ја претставува како важна, како и зашто фокусот се става врз Македонците. Истото се прави и во верзијата на веста која е преземена, каде се објаснува дека Србите се „најглупавиот народ во светот“.

Истражувањето на кое се повикува порталот не е кредибилно и има недоволно информации за воопшто да се потврди неговото постоење. Ако се продре во минималните критериуми кои едно истражување треба да го има за да стане вредно за објавување, ќе се дојде до заклучокот дека треба да има одговор на прашањата колку испитаници со него се опфатени, кој го спровел и во кој временски период, како и за начинот на кој е дојдено до резултатите. Со други зборови, недостасува методологијата. Медиумот не се потрудил да го пронајде оригиналното истражување доколку тоа постои. Бидејќи во текстот не постои релевантен извор (а не е ни објаснето како е дефинирана „глупавоста“ за потребите на ова истражување, а тоа воопшто е можно), тој всушност шири стереотипи и предрасуди, поради тоа што квалификува цела група како „глупава“ само поради националната припадност. Причинско-последична релација меѓу националноста и интелектот не постои. Начинот на кој таа е претставена во овој текст е „на стаклени нозе“ и единственото здраворазумско пренесување на оваа медиумска содржина е сензационализмот.

Македонците се трет најглупав народ во светотЛинк до оригиналниот напис:  Македонците се трет најглупав народ во светот – интернет анкета на американски психолози

Датум и време на објавување: 11.11.2013, 20:10

Датум на рецензирање: 13.11.2013

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Зад превезот на сензационализмот се скриле и сите обиди воопшто да се покаже вистинитоста. Медиумот ја презема веста од српски колеги, наведува линк од тој медиум и како да се дистанцира од одговорност. Истражувањето на кое се повикува не содржи основни информации. Метафорично кажано, текстот нема „лична карта“, нема основни генералии, а тврдењето дека Македонците се трет најглупав народ во светот е школски пример за стереотипизирање, зашто преку припадноста кон група се генерализираат карактеристиките. Авторот на текстот покажува дека е свесен за нерелевантноста на фактите кои ги изнесува поради тоа што признава дека не се познати критериумите според кои наводните психолози дошле до сознанијата.

Извори на информации: Изворот како што е наведен во текстот („американски психолози од Вашингтон, Њујорк и Детроит“) е неодреден, премногу општ за тешките квалификации кои му се припишуваат како сознанија. Српскиот медиум „Правда“ е посочен и оттаму е направен превод. Понатаму, со текстот авторот може да навлече гнев кон американската нација, ако некој читател „истражувањето“ го прими некритички. Читателите може да почувствуваат анимозитет кон американската нација, ако ги прелаже текстот и ако навистина поверуваат дека тие мислат оти Македонците се третата најглупава нација во светот.

Содржајност: Презентираните информации не се потврдени, ниту се сеопфатни. Недостасуваат основни генералии за тоа кога е спроведено истражувањето, на каков начин, по која методологија. Исто така, нема ниту организација која стои зад истражувањето. Навистина е индикативно „укажувањето“ во последниот параграф, според кое, истражувањето е всушност „неофицијална анкета за развојот на образованието и интелигенцијата во ерата на технологиите и интернетот“. Авторот не дава одговор на прашањето како „неофицијална анкета“ може да стане вест-вредна содржина.

Пристрасност: Текстот не покажува пристрасност, но некритички се поставува кон релевантноста на истражувањето со самото тоа што го пренесува како веродостојно.

 Коментирање: Нема коментири, сите наводи се атрибуирани на српскиот медиум, но тоа не ја маргинализира нивната неверодостојност.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е преведен од српски јазик и адаптиран на македонски јазик, со намера лидот и насловот да бидат прилагодени и доближени до македонската публика.

Квалитет на насловот: Текстот не го оправдува насловот и поради тоа насловот е сензационалистички. Понатаму, насловот манипулира дури и анкетата да е вистинска, поради тоа што генерализира дека Македонците се „третиот најглупав народ во светот“, но не дава до знаење дека информацијата се однесува само на образованието и интелигенцијата во ерата на технологиите и интернетот.

Фотографија: Станува збор за фотографија од Камениот мост, која е поставена паушално, за да асоцира на главниот град на  Македонија и да ги „претстави“ Македонците, кои според недокажаните наводи се „третиот најглупав народ“. Фотографијата нема посебна цел. Идеално би било кога би се поставила табела или графикон или некакво друго графичко решение за приказ на резултатите од истражувањето. Меѓутоа, тоа е неможно за авторот во случајов зашто што тој/таа го нема пристапот до истражувањето за кое верува дека се случило.

Говор на омраза: Нема говор на омраза, но текстот е исполнет со квалификации што го отсликуваат некритичкиот однос кон стереотипите и предрасудите.

Заклучок: „Неофицијалните анкети“ дефинитивно се избегнуваат во одговорното новинарство. Професионалните стандарди налагаат да не се прават манипулации со резултатите од сондажите, зашто граѓаните честопати им веруваат и се поведуваат од нив.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

преопшта квалификација на изворите

аноними

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести