verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Крстот се фаќаше и во детската градинка „Јасна Ристеска“

on 28 - 01 - 2014       

Крстот се фаќаше и во детската градинка Јасна Ристеска-pokrieno-crop-resize

Текст кој навидум говори за „симпатична“ приредба во детска градинка во Охрид, каде што децата фрлале и фаќале крст за Водици, без притоа во ниту еден момент медиумот да се огради од фалбената нота која произлегува од текстот или да го критикува начинот на кој веронауката влегла на голема врата во образовна институција, нешто што не е законски дозволено.

Понудиени се неколку фотографии на дечиња, облечени и во „свештеничка“ облека, а прикажан е и среќниот фаќач на крстот, три и пол годишно детенце. Независно како дошол до фотографиите, дали биле викнати да фотографираат или градинката ги направила достапни, медиумот бил должен да ги затскрие нивните ликови. Кодексот на новинарите јасно ги дефинира случаите кога се објавуваат фотографии на деца и малолетници, а во конкретниов случај од збунетите погледи на децата слободно може да се заклучи дека тие не знаеле што им се  случува, па се чудат каква улога некој им доверил.

По принципот на охридскиот сајт, кој виде „вест“ во фаќањето на крстот во коритото на градинката во Охрид, текстот и фотографиите, некритички се преземени и пренесени од друг медиум со што станале достапни до поголем број читатели. Ако двата претходно споменати портали постапиле неетички, објавувајќи ги фотографиите на децата, дневниот весник кој на 22 јануари ги пренесе овие фотографии, ги затскри нивните ликови и го постави прашањето за злоупотребата на децата во верски обичаи, во градинка, каде што тоа не е дозволено. Пристапот што го има дневниот весник требало да го применат и порталите. Инаку, се прекршуваат правата на децата, па затоа медиумите мора да бидат многу внимателни во пренесување информации и фотографии, па дури и во ситуации кога навидум детската игра може да изгледа „интересно и  симпатично“.

Крстот се фаќаше и во детската градинка Јасна Ристеска-pokrienoЛинк до оригиналниот напис: Крстот се фаќаше и во детската градинка „Јасна Ристеска“ (Напомена: во оргиналниот напис, ликовите на децата не се покриени)

Датум и време на објавување:  21.01.2014

Датум на рецензирање: 27.01.2014

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: Според понудените фотографии и неколкуте реченици како информација дадени во прилог, се стекнува впечаток дека станува збор за вистинита информација, „настан“ кој се случил во детска градинка во Охрид.

Извори на информации: Не е наведен извор, ниту се посочува како е дојдено до фотографиите, дали медиумот ги фотографирал децата или се преземени од нечиј  профил на Фејсбукмрежата, што ја отвора моралната дилема дали ова се прашања од јавен интерес и до која мера и дали за објавувањето на фотографии е побарана согласност од родителите, како што налагаат законските норми.

Содржајност:  Понудени се фотографии и минимум текст кој е далеку од очекуваната содржајност, во кој недостасува главниот елемент за тоа кој дозволил децата да се (зло)употребуваат во верски цели. Во Охрид живеат припадници на повеќе заедници, па нејасно е дали во оваа градинка имало други деца кои не се од православна вероисповед и што им било објаснето ним за празникот, како и дали и тие учествувале во церемонијата за фаќање на крстот.

Оригиналност/Плагијат: Оригинална содржина која треба да служи како пример за понатаму – дека не смее да се повтори.

Фотографија: Користени се фотографии наа малолетни деца, за кои, како што рековме, никаде не е потенцирано дали била побарана согласност за објавување во јавност. Во случајов вината сигурно треба да се бара во раководството на градинката кое дозволило инволвирање на децата, но медиумите мора да се свесни дека не може да објават сѐ што ќе им се понуди. Посебна внимателност мора да се покаже кога се работи за деца!

Заклучок: Медиумите мора да прават разлика што е јавен интерес, што е вест и информација која треба да му ја понудат на читателот/гледачот. Доколку „настанот“ од Охрид го сфатиме како обична детска игра во градинка, тогаш кој е јавниот интерес тоа да ѝ се понуди на публиката? Внимавал ли некој на интересите на децата во случајов? Секако дека не внимавал. Просветната инспекција треба да се занимава со пропустот на раководството на градинката, а медиумите да ја преиспитаат својата одлука дали за очекуваните кликови под одредена вест вреди да се кршат правата на децата!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

верска дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести