verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Рецензија: Хаос во медиумите на СДСМ, газдите со бизниси новинарите за минималец

on 28 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: АлбанскиХаос во медиумите на СДСМ  газдите со бизниси новинарите за минималец-crop-resize

Хаос во медиумите на СДСМ  газдите со бизниси новинарите за минималец-crop-resize

Читате, триете очи, пак читате и не ви се верува! Пред вас е уште еден „памфлет“ без потпишан автор, а со содржина која лее крокодилски солзи над нечија друга судбина. Текст, кој во старт ги дели медиумите како „медиуми на СДСМ“, кои се непрофесионални, од тие другите, во кои читателот автоматски добива слика дека другите се на ВМРО ДПМНЕ.

И, што добиваме? Текст со наводни „извори“ како обид да се манипулира со факти, да се оцрни тој кој што не мисли како другиот, или во случајов, оваа лавина на текстови кои се случуваат на тема „едни новинари против други“ е обид да се измести тежиштето од аферата „медимски тендери во здравство“.

Обидот да се напаѓаат едните, прикажувајќи дека се полоши од другите станува смешен, патетичен и тој веќе не може да се оценува ни по принципите на рецензииве, ниту според етичките норми и правила во новинарството. Едноставно, овде се прекршени сите новинарски стандарди и ако почнеме да набројуваме, ќе ни требаат цели фермани. Овде не важат принцпите на втора страна, на основното правило во новинарството да го прашате тој што го „тепате“ дали го боли, неважен е кодексот кој вели дека новинарот нема да го користи медиумот за пресметка со своите колеги. Џабе! Се е џабе, после вакви примери.

Текстов нема ни елементарен обид да понуди факт, да нѐ убеди во наводните изјави кои ги споменува, да каже што дејност имаат тие 4 фирми, колку тендери добиле од Владата, министерствата, општините и на тој начин да нѐ убеди дека посочените новинари се „криминалци“, а новинарите како робови им работат за 11 илјади денари. Што би рекол еден наш министер за здравство, треба да си „мажиште“ за да напишеш ваков текст, а притоа да немаш храброст да се потпишеш. Ќе забележите дека оваа рецензија, според стилот на пишување отскокнува од вообичаените, но, како поинаку може да се изрази рецезентот како читател кога пред себе има состав на „слободна тема“ во која се згазиле сите професионални, етички и морални принципи.

Хаос во медиумите на СДСМ  газдите со бизниси новинарите за минималецЛинк до оригиналниот напис: Хаос во медиумите на СДСМ, газдите со бизниси новинарите за минималец

Датум и време на објавување: 25.01.2014

Датум на рецензирање: 27.01.2014

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: Нема обид да се понуди било каков факт за да може да се оценува дали било што од напишаното е вистина.

Извори на информации: Авторот се скарал со изворите, па сѐ што е напишано е микс на коментар и некакви анонимни изјави од кои не се добива ни основна информација за тезите кои се пласирани.

Содржајност:  За да зборуваме за содржина/содржајност, мора да бидат понудени барем основни податоци, факти, информации. Вака, во конкретниов случај, има сѐ, само содржина не!

Пристрасност: Апсолутна пристрасност, напаѓање, омаловажување, делење етикети, а сето тоа тоа под превезот на „професионално и етичко новинарство“. Во стилот на „држете го крадецот“ медиумот, бидејќи нема потпишано автор, се обидува да го насочи вниманието кон други, но тоа го прави на блед и неуверлив начин, што ја прикажува приземноста на методите со кои се служи. Новинарството, покрај професионалноста, бара и храброст и одговорност, па доколку е така како што се наведува во текстот, новинарот, кој треба барем да се потпише зад ваквото „дело“ нека ги истражи бизнисите на споменатите фирми и нека даде податоци колку владини кампањи и реклами добиле овие фирми од оваа или некоја друга Влада, па да ги видиме сите бизниси за кои се говори. Вака, ова е лов на вештерки, газење преку трупови. Но, за што, за која цел, има(ат) ли одоговор авторот(ите)?

Оригиналност/Плагијат: Оригинална содржина, по начин и форма на презентирање, до толку оригинална, што заслужува да се „патентира“ со дополнување: „не правете го ова во иднина, опасно е“.

Квалитет на насловот: Насловот е посебна приказна, навестува хаос во медиумите на СДСМ, со што го потврдува неетичкиот пристап, делењето етикети кон колегите, а понатаму во текстот нуди празни фоскули, кои мора да констатираме дека со ништо не го убедуваат читателот дека е така? Каде се доказите за бизнисите на овие новинари, каде се сумите од добиените државни тендери?

Фотографија: Искористена е фотографија од настан, микрофони и тоа е единствената работа која служи само како илустрација во овој текст, без напади и нудење „манџа без месо“.

Заклучок: Дали одработувањето нечии агенди, партиски, лични, бизнис или било какви ќе ги направи медиумите почитани, повлијателни, поценети? Не! Верувајте, нема да го добијат тоа па колку и да се трудат со оцрнување на противникот.

Земете го за пример само процесот на лустрација кој е толку актуелен сега. Сега им се суди на тие кои под превезот на интересите на државата и нејзината безбедност, кодошеле, следеле, ограничувале нечие право без одлука на суд или напредувале во службите по заслуга. Ако тоа е период кој го викаме „црно минато“ што може да очекуваме сега, од овие настани? Како ќе се третира овој начин на судење и пресудување во медиумите по брза постапка? Повторно некоја нова инквизиција за која некој и некогаш ќе носи нови одлуки за рехабилитација и ќе спроведува чистки поради овој медиумски линч? Жално е што медиумите тргнаа во пресметка едни со други, одработувајќи туѓи агенди, а ја изгубија примарната функција што треба да ја има секој медиум во  едно демократско општество – улогата на куче-чувар!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

аноними

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *