verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Конечно крај за турските серии

on 11 - 02 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

021014-Puls-24-Turski-serii-crop-resize

Никако не можеме да ја разбереме потребата на медиумот чија вест ја рецензираме да објави две години стара вест, да стави погрешен извор (наместо Денешен, како изворот на оваа мувлосана вест е наведен Дневник), а линкот да го одведе читателот до точниот извор на веста каде што е многу јасно датумирана веста, ноември 2012!? Зошто?

Ајде да се работеше за некоја информација од посебен интерес за јавноста, која е, можеби, уште актуелна – да разбереме некако. Иако, дури и тогаш, тоа се прави на сосема поинаков и поссодветен начин за да се потсети на некоја стара вест, која од некои причини е сѐ уште актуелна.

Ништо од тоа. Една тотално небитна вест се враќа сосема без никаква потреба на медиумската сцена и само создава забуни.

021014-Puls-24-Turski-seriiЛинк до оригиналниот напис: Конечно крај за турските серии

Датум и време на објавување: 10.02.2014, 02:00

Датум на рецензирање: 10.02.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Не можеме да зборуваме за вистинитост на една бајата вест. Таа информација дури и тогаш кога била објавена била само мислење, или најава, на еден владин претставник, која, патем речено, денеска, две години подоцна не соодветствува на реалноста.

Освен тоа, Кодексот на новинарите уште во првиот член, во вториот и четвртиот став, вели:

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи…

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.“

Се осмелуваме да тврдиме дека заради ваквата постапка на новинарот и медиумот, да објават две години стара вест, тие објавиле вест која ги доведува во заблуда читателите.

Извори на информации: Како што констатиравме во воведот, авторот на информацијата и медиумот, освен што објавуваат две години стара вест, наведуваат и погрешен извор – „Дневник“, наместо „Денешен“. Крајно непрофесионално. Заради оваа крајна непрофесионалност, оваа рецензија ќе остане без коментар за содржајноста, пристрасноста, коментирањето, за тоа дали оваа вест е оригинална, како е нејзиниот наслов…

02102014-Denesen-Turski-serЕдноставно нашата методологија завршува со оценката за дилитантизмот на постапката на новинарката и медиумот.

Можеме само да напоменеме дека, доколку оваа вест беше актуелна, таа секако ќе беше третирана од повеќе аспекти како што се, прво: некритичкиот однос на изјава која демонстрира државен интервенционизам што медиумите го пренесуваат… Второ, ги навредува жените апострофирајќи ги нив, генерално, како публика која министерот сака да ја заштити од турските сериии… И трето и понатаму, станува збор за некритичко пренесување на изјава за која не се наведува каде, зошто, по кој повод се изнесува, дали е врз основа на некакви сознанија за тоа дека турските серии предизвикуваат нешто заради што треба да им биде ставено крај…

Заклучок: Што да заклучиме освен тоа дека граѓаните во Република Македонија не заслужуваат медиуми кои на овој начин, свесно или несвесно, ги доведуваат во заблуда. Оттаму, можеби е нескромно, но, со уште поголема вредност од оваа рецензинја излегува проектот Сервис за проверка на фактите од медиумите зашто нема да остави ова да помине незабележано.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести