verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Кој ја задушува Старата скопска чаршија?

on 13 - 08 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Кој ја задушува Старата скопска чаршија-crop-resize

Настанот кој се случи за време на викендот во Старата чаршија, а за кој известија практично сите медиуми и за кој долго се дебатираше на социјалните мрежи, наводното демолирање на локалот „Њу Орлеанс“, е предмет на обработка во овој напис. Навидум задоцнетото отворање на тој случај се оправдува низ фактот што текстот не се базира на очевидци и лица кои од втора рака чуле за настанот, туку се обидува на лице место да собере информации. За чудо, тие ја менуваат сликата која кај читателите се вкорени по првите медиумски одеци за настанот.

Кој ја задушува Старата скопска чаршијаЛинк до оригиналниот напис: Кој ја задушува Старата скопска чаршија?

Датум и време на објавување: 11.08.2014, 18:58

Датум на рецензирање: 12.08.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Ресторанот вчера работеше најнормално. Неколкумина гости уживаа во кафето и во ладното пиво на масите надвор. Проверивме двапати, прозорците не беа скршени. Чисто беше и внатре, шанкот беше во добра состојба.

„Јас не бев на работа, но колегите ми кажаа дека не се случило ништо сериозно, ниту, пак, имало кршење и напади врз вработените“, ни рекоа од персоналот во „Њу Орлеанс“.

И во скопската полиција зачуденост од „тежината“ со кој што беше претставен викенд-инцидентот во Старата скопска чаршија.

Откако дошло сознанието дека целата приказна е веројатно надуена, авторот направил разговор со две познати имиња – постојани гости во Чаршијата, кои и се добри познавачи на медиумите. Едниот од нив (Петрит Сарачини) проценува дека за овој настан не се известувало професионално. Додека другиот (Џабир Дерала) вели дека со настаните во Чаршијата и со емоциите лесно се манипулира и дека прва жртва се меѓуетничките односи.

Добро е, секако, кога ќе дојде напис кој се обидува информациите да ги бара на лице место. Сѐ уште сме збунети како некои написи говореа од аспект на директни сведоци на настанот. Посебно се издвојува текстот „Ноќеска во чаршијата“, кој преку описите на тепачката и мотивите нѐ застрашува. Впрочем и самата власт реагираше така – одново видовме на малите екрани како двајца виновници, кои наводно биле провоцирани од песната „Распукала Шар Планина“, па направиле „крш“ во објектот, на спектакуларен начин се приведени. Беа дадени нивните лични податоци, посочено е дека се и поранешни сторители на слични дела!

Ако денес полицијата тврди дека е тоа банална тепачка, зошто тогаш не ѝ се извини на јавноста и на уапсените, бидејќи веќе јавно ги избламира за нешто што значи сеење на меѓунационална омраза. Ако, пак, подоцнената информација не е точна, треба да го укори службеникот дека минимизира проблем кој не е за подценување?!

Ова значи дека пред себе имаме текст кој бара од овој настан да има барем уште еден прилог во кој треба да се дорасчисти со сето она што го проследуваше овој мал или голем инцидент. Вака, останува нешто недоречено во воздухот, а првичните реакции се сѐ уште посилни и подоминантни.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести