verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Каде одат парите на Курир.мк?

on 7 - 10 - 2014       

 

2-0987609090987-098-002-final-crop-resize

Имаме текст во кој од рака се нафрлани податоци дека еден портал располага со годишни буџети од милиони и тоа во евра. Пласираните информации, кои навистина се сензационалистички, не се поткрепени со соодветни извори, забележливо е високо ниво на импровизација и произволност и не може, а да не се добие впечаток дека овој напис е некаква си „вратка“ за текст претходно објавен на порталот чија работа се сецира.

2-0987609090987-098-002-finalЛинк до оригиналниот напис: Каде одат парите на Курир.мк?

Датум и време на објавување: 30.09.2014, 14:52

Датум на рецензирање: 06.10.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

НЕАРГУМЕНТИРАНО ЛИЦИТИРАЊЕ СО ВРТОГЛАВИ СУМИ

Вистинитост: ептен проблематична! Кусо би кажале и би објасниле зошто. Точно е дека споменатиот портал е близок до владејачката структура и често, дури пречесто, пласира информации за ситуацијата во земјава кои како да се гледани низ „розови очила“. Но, сѐ што понатаму е наведено во овој текст е чиста шпекулација. Во сериозни и кредибилни новинарски истражувања за финансиската состојба на одредени медиуми се користи аргументот на бројките, а не само т.н. „свои извори“. Внимавајте, во написот се тврди дека овој портал годишно врти 1,5 милиони евра – сума со која не можат да се пофалат дури ниту некои телевизии во Македонија со национална концесија. Ако велиме дека „пред фактите и боговите молчат“ тогаш за овој текст навистина не можеме да молчиме. Една неодамнешна анализа, на која е потрошено многу време и новинарски труд и е поткрепена со бројки од Централниот регистар, покажа дека друштвото кое стои зад споменатиот портал 2012-та ја завршило со приходи од околу 335 илјади евра. Не велам дека 335 илјади евра за онлајн-производ во Македонија само за една година се малку, особено во оваа медиумска и новинарска криза, ама, сепак, не се 1,5 милиони евра. Простата математика вели дека меѓу бројките пласирани во текстот кој го рецензираме и оние наведени во, ќе повторам, кредибилното истражување, разликата е дури 4,5 пати. Дополнително, се изнесуваат спектакуларни сознанија за перење пари преку овој портал, кои не се адекватно поткрепени и со тоа самите на себе си ја поткопуваат веродостојноста. Вака, сѐ се сведува на шпекулации и новинарски неаргументирани конструкции. Не велиме дека можеби нешто не се случува во позадината на тој портал, туку дека во конкретниот текст едноставно нема докази за тоа.

 

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ НАМЕСТО АРГУМЕНТИРАНОСТ

Една од главните причини зошто написот е на „стаклени нозе“ е отсуството на вистински извори на информации. Секако дека во денешни услови е исклучително тешко да се обезбедат асални информации и извори за сопственичката структура и финансиите на еден медиум кој е близок до власта, но, како што претходно видовме, не е и невозможно. Не може тврдењето „провладиниот курир покрај тоа што власта ја спроведува својата пропаганда, туку и фирмата ја користи како инструмент за вадење на црните пари“ да остане да лебди само врз основа на „свои извори и познавачи на бизнисот“. Конечно, можело да се свртат неколку телефонски броеви и да се обезбеди ставот на другата страна независно од тоа каков и да е. Тоа барем ќе покажело поголема новинарска ангажираност.

На прва, текстот „лепи“ читатели поради неговиот сензационалистички пристап. Но, со внимателно читање се увидува дека содржината е релативно празна, повеќе жолта, отколку информативна и конечно неточна, бидејќи бројките, барем оние од 2012 година, се поинакви од презентираните. Како што веќе напоменавме, формулациите во првиот дел даваат впечаток дека станува збор за медиумски возвратен удар поради напис претходно објавен на порталот чија финансиска состојба се истражува во овој текст.

Токму впечатокот за своевидна „одмазда“ веднаш го покажува високиот степен на пристрасност во материјалов, кој понатаму само се зголемува. Јасно е дека има намера и цел „нешто“ да се испорача, а тоа, секако, не е чиста и јасна информација за публиката. Како поинаку да се толкува финалето:

„Редакцијата на Центарњуз поставува отворено прашање до Курир во чии џебови и за чии цели од нивната сметка годишно исчезнуваат над 1.300.000 евра?“

Не разбирам што е ова? Барање отчетност од приватна фирма за нејзините финансии?! Попаметно и новинарски пологично ќе било прашањата за транспарентност во работењето(финансирањето) со/на одредени медиуми да се упатуваат до Владата, бидејќи, како што гледаме, има медиуми кои се „офајдиле“ и се „офајдуваат“ од блиските врски и односи со високите државни инситутуции.

Заклучокот едноставно би бил дека имаме материјал во кој многу се зборува, а малку е поткрепено тоа што се кажува. Сензационализам наместо аргументираност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

и да и не

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

најверојатно да

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести