verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Интензивно се гради автопатот Демир Капија – Смоквица

on 10 - 07 - 2013       

.

„Работите околу изградбата на новата делница од автопатот Демир Капија – Смоквица се одвиваат интензивно. Со изградбата на оваа модерна делница ќе се комплетира оската од Коридор 10, која поминува низ Република Македонија а нè поврзува со Европа и Солунското пристаниште.“

Ова е рутински вовед во текстот за посетата на премиерот Груевски, потпретседателот на Владата, Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски на Демир Капија, каде е ископана една четвртина (!) од едниот од двата предвидени тунели на оваа делница.

На социјалните мрежи имаше полно коментари за изјавата на премиерот дека „станува збор за најголем проект на Балканот, тежок 220 милиони евра“, што од поголем дел од медиумите, кои објавија информација за оваа посета не беше оспорена, ниту коментирана, како ни другите сегменти од оваа инвестиција, кои се дел од генералниот неуспех на планот на сериозните инвестиции на оваа влада.

Рецензија: Интензивно се гради автопатот Демир Капија – СмоквицаЛинк до оригиналниот напис: Интензивно се гради автопатот Демир Капија – Смоквица

Датум и време на објавување: 02.06.2013

Датум на рецензирање: 07.06.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Фактите не се веродостојни, бидејќи, ова е секако една од поскромните инвестиции на Балканот, дури и ако се земе предвид Коридорот 10, на кој се наоѓа споменатиот тунел и делот од автопатот кон Грција.

Нашите соседи, секој за себе, вложуваат само во автопати во овој миг, секој за себе, милијарди долари. Тоа е случај со Србија (7 милијади долари, од кои над 1 милијарда на истиот Коридор 10), Косово (1 милијарда), Албанија (1 милијарда), Црна Гора (2 милијарди)…

Извори на информации: Наводите се земени „здраво за готово“ и не се поставуваат прашања во однос на стартот на изградбата на овој дел од автопатот, изгубените пари од европските фондови, споредбата со другите балкански градилишта, незабележувањето на сомнителноста на обесштетувањето на граѓаните за експроприраното земјиште… Еден куп економски фактори кои морале да бидат присутни ако се прави „текст со бројки“.

Содржајност: Овој дел на автопатот еднаш е стартуван во 2009 година, ама тогаш се изгубени пари од европските фондови заради тоа што владата на Груевски го преименува автопатот во „Александар Велики“(.ПДФ, стр. 69).

Оттогаш ние моравме да се потпреме на свои пари, односно на странски кредити, што ги плаќаме скапо во однос на фондовите кои ни беа на располагање. Оттаму стартот има „два родендени“. Ова секој пишувач на информацијата морал да го знае, односно да ја провери уште пред да оди „на терен“.

Пристрасност: Премиерот Груевски немаше никаков повод да замине на градилиштето, освен да каже нешто што едноставно не е точно – дека се работи за најголема инвестиција на Балканот. И никој не ја оспори.

Оригиналност/Плагијат: Информацијата може да е и на некоја агенција, со оглед дека многу редакции објавија многу слични текстови, со мала обработка, односно имаше разлики само во нијанси и евентуално во насловите. Секако, реакциска обврска е да се каже изворот на информацијата, ако се работи за преземање, односно да се укаже дека се работи за евентуално оригинален напис.

Квалитет на насловот: Насловот е дескриптивен и без даден без некои други амбиции.

Фотографија: Се работи за серија на одлични фотографии од внатрешноста на тунелот.

Заклучок: Посетата на премиерот на тунелот кај Демир Капија е класична владина пропаганда на која ѝ помагаат некритички написи. Посебно што оваа посета и присуството на новинарите се искористи за давање на изјави поврзани со конгресот на политичкиот опонент, кој следуваше следниот ден, што, се чини, било главен мотив за влегувањето на ВИП гостите во тунелот, кој е далеку од својот крај.

Рецензија: Интензивно се гради автопатот Демир Капија – Смоквица

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

прикрива

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно

има

има

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има

издвоени

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

манипулира

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

квалитетни

да

Претплатете се за најнови вести