verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ИГЕНЕА тврди според ДНК анализите Македонците слични со Србите и Грците

on 1 - 09 - 2014       

КАНАЛ 5 Телевизија-crop-resize

Истражувањето на швајцарскиот институт ИГЕНЕА за генетското потекло на народите малку-малку па ќе изнедри серија на прилози и текстови по македонските медиуми. За тоа е пишувано и порано (како пример да наведеме еден текст од 2009 година). Ваквите написи будат, пред сѐ, скепса во однос на веродостојноста и воопшто можноста да се утврдат корените на било која нација, но, се чини дека поплавата на текстови од истражување, кое е старо речиси десет години, е како еден вид на вирусна инфекција која нѐ зафаќа барем неколку пати годишно.

Линк до оригиналниот напис: ИГЕНЕА тврди според ДНК анализите Македонците слични со Србите и Грците

Датум и време на објавување: 26.08.2014

Датум на рецензирање: 30.08.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Швајцарскиот институт ИГЕНЕА над десет години, користејќи обемна литература од околу 500 научни извори и современи научни методи, немајќи притоа интерес на било каков начин да се занимаваат со политички интереси туку со стручни утврдиле дека Македонците се нација која во најголем дел има антички ген, дури 30%.“

Најпрвин, неколку формални забелешки за оваа вест, а кои се однесуваат и на другите прилози и написи објавени на истата тема. Имено, во веста нема никаква назнака дали се тоа нови истражувања, односно кој е поводот сега да се реобјавуваат. Значи, тоа не се десетогодишни истражувања, туку истражувања кои се објавени пред 10 години. Недостига било каков доказ дека тие вести се автентично нови и кога се објавени во јавноста, дали имало соработници оттука и слично. Тоа е и нормално, вакви истражувања нема и зошто да се прават одново – ако се веродостојни, да ги земеме условно, тие не би биле менливи, нели?! Говориме за милениумски стари генетски записи!?

За волја на вистината, овој текст не реагирал како дел од другите медиуми и за разлика од досега, кога се тврдеше дека ние имаме потекло од антички Македонци, сега се вели само дека имаме – антички корени. Но, и илирските корени се антички, на пример, па зошто тие не влегуваат во тие 30, туку заедно би правеле 50 отсто?! Тие, да споменеме, се водат како „друга графа“!

Премногу прашалници, ама не е тоа сѐ – во прашање е вистинитоста на целата метода, која, каква и да е, донесува голем интерес, веројатно и пари за институтот, кој има и посебно поглавје на мапата на сајтот за „македонскиот проблем“. Таму, нашите граѓани и Грци водат децениски полемики за нивното потекло и потеклото на античките Македонци! Што се вели – полн погодок! Од аспект на Институтот.

Имено, нема никакво објаснување како е најден примерокот на „типичниот Македонец“ или типичниот Грк, Бугарин и што и да е? Па, народите се мешаат меѓу себе и понатаму, патуваат… Тука не е можно туку-така да се впери со прст кон некого, како кај ТВ анкета или да се прави политичка или социолошка анализа врз основа на примерок од 500, 1.300 или 5.000 анкетирани.

Ова што следи го нема во веста која ја разгледуваме, но го има во пошироките прилози на другите медиуми. Споредувајќи ги Ѕ-хромозомите, Игенеа дошла до сознанија дека во Македонија е најприсутна групата 12а, која, што велат, потекнува од Балканот, а денеска, покрај во Македонија, често може да се најде и во Хрватска и во Босна. Ова е ретка лоза, која што е забележана и во Западна Европа, вклучувајќи ги и Британските острови. Втората најприсутна група потекнува од Источна Африка, а во денешно време е најприсутна кај народите во Европа, особено на Медитеранот и на Балканот.

Во насловот, пак, стои дека сме најслични со Србите и Грците. Како, кога античките Македонци живееле најсеверно до сливот на Црна во Вардар, гледано од Солунското поле? Па, затоа што, видливо од сајтот на Институтот, Србите и Грците го имаат споменатиот ген 12а и тоа во„завидно ниво“!

Ова е врв на кармакашата која некому му носи пари, а повремените потсетувања од нашите медиуми само ја дебелеат сметката на Игенеа.

Нам само ни носат „генетски оправдувања“ за некои од објектите во проектот Скопје 2014. На крајот, само да наооменеме дека според ваквите истражувања, над 70 отсто од Британците се роднини со Тутанкамон.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни, нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

има лажни и непотврдени конекции

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести