verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: И сдсмовските експерти веќе не можат да го бранат Заев – сите се свртеа против СДСМ!

on 21 - 04 - 2014       

ekspertite-protiv-SDSM-crop-resize

Пред нас, всушност, имаме школски пример за спин. Значи, текст кој уште од влезот ја извртува вистината.  Првиот пасус е целосно коментаторска констатција на авторот, а понатаму продолжува со делови (секако извадени од контекст) од некои изјави на новинари и политички експерти.

Причините за катастрофалните изборни резултати кои што веќе неколку изборни циклуси ја следат најголемата опозициона партија СДСМ очигледно и понатаму не допираат до тамошните челни луѓе Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, кои наместо одговорноста да ја превземат на свој грб со немањето на квалитетни и издражни проекти тие и понатаму во стилот на Бранко Црвенковски продолжуваат да ја омаловажуваат интелегенцијата на народот, велејќи дека тој се уште не ја покажал својата волја и дека допрва се очекува да расте поддршката за нив.

ekspertite protiv SDSMЛинк до оригиналниот напис: И сдсмовските експерти веќе не можат да го бранат Заев – сите се свртеа против СДСМ!

Датум и време на објавување: 15.04.2014, 14:39

Датум на рецензирање: 16.04.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ИЗВРТУВАЊЕ НА ИЗЈАВИТЕ

Целиот текст е извртување на вистината. Ако се види целата снимка лесно можете да се уверите дека не било баш така. Всушност, спинот почнува и завршува со секоја изјава. А оваа изјава:

 Со ставовите на првиот опозиционер Заев не се согласуваат дури ни оние најголеми поборници на опозицијата и први критичари на ВМРО ДПМНЕ

е најголемиот проблем на текстот.

Тој дел, значи, е водилка на текстот (како што кажува и насловот) и потоа сите оние кои се посочени се стваат во еден ќош – дека биле најголеми поборници на опозицијата.

Изворите на информација се неколку телевизии каде луѓето во приказната давале изјави. Само од тие изјави им се извадени една до две реченици, а не и целиот разговор. Поради тоа, не може да се заклучи (ако се чита само текстот), што, всушност, ликовите во приказната сакале да кажат. Можеби е и така, но авторот не дал простор тоа да се провери, или, пак, барем читателите сами да одлучат што сакале да кажат гостите.

Извори на информација се и Фејсбук страниците на новинари, а поради своите статуси се земени во предвид и се ставени во текстот. А нивните статуси на социјалната мрежа се посочени како релевантен податок со кој треба да му се дадат факти и докази на читателот.

Уредникот на порталот Плус Инфо  Бранко Героски, отворено и пред почетокот на кампањата застана на страната на СДСМ и не ја криеше својата поддршка. Но истиот тој Геровски незадоволен од резултатот на изборите, својата лутина сега ја насочи кон агенцијата „Рејтинг“ на Ѓорги Спасов, блиска до раководството на СДСМ и која на Пендаровски му предвидуваше победа, а наместо тоа, тој изгуби со над 120 илјади гласови во првиот круг од изборите.

Героски два пати по ред  го прозиваше Ѓорги Спасов од „Рејтинг“:

 

ТЕКСТ ОД МЕСО, АМА МЕЛЕНО

Текстот има „месо“ што би се рекло новинарски, но тоа е мелено. Ниту една изјава не е ставена или преземена во целост, туку е кратена, а подоцна во некои случаи и е лепена со монтажа. Со тоа се извртува мислата на гостинот, а читателите се доведуваат до заблуда.

Целиот текст е политички пристрасен. Згора на сѐ и одредана група на луѓе се ставаат на пиедесталот на срамот за тоа што го мислат или го кажале.

Во деловите помеѓу две изјави има авторски коментари кои всушност се објаснувања што сакале да кажат гостите во тие дебатни емисии. Па така имаме некаков вид надсинхронизација на говорот.

Ваков текст се појави во повеќе медиуми, па не се знае кој е оргиналниот. Сите личат еден на друг како велигденски јајца.

Насловот целосно дезинформира, а фотографиите се ставени само колку за илустрација. Тие се единственото нешто точно во текстот.

Целосен спин. Текст со целосно изместени критериуми за новинарство. Целосно извртени изјави на гости. Значи целосно антиновинарски текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести